08.02.2013 "Транспаренси интернешнл-Македонија" пред една година го лансираше проектот "Пријави Корупција", кој преку својата веб-страница www.prijavikorupcija.org им помага на граѓаните во борбата против корупцијата. Досега се добиени 199 валидни пријави со сомнеж за корупцијата во најразлични категории.
Според Генералниот секретар на Транспаренси интернешнл-Македонија, Методи Зајков, граѓаните се жалат на институциите, добиени се многу претставки од граѓани, но само 199 се релевантни и се поделени во повеќе категорија. Граѓаните најчесто доставуваат пријави од институциите-категориите судови, даноци и инспекции ", изјави Методи Зајков.
Заедно со Транспаренси Интернешнл-Македонија, граѓаните можат да влијаат во борбата против корупцијата, преку SMS порака на бесплатниот телефонски број 075/076 145 111, по пошта или преку официјалната веб-страница.
Пријавите се доставуваат до надлежните институции, но постапката може да потрае неколку месеци, во зависност од бројот на поднесените претставки. Повеќе барања се доставени до управен инспекторат во рамките на Министерството за правда.
Во 9 случаи одделно се анализирани и вратени до пријавителите за понатамошна обработка. Меѓутоа, кога пријавите содржат податоци, кои што се верификувани од институциите, тогаш тие се објавуваат и потврдуваат на веб-сајт како коментар.
Извор: http://www.portalb.mk/