На 04.03.2013 година во Штип, Транспаренси Интернешнл – Македонија одржа Тркалезна Маса на тема: „Граѓаните во борба против корупцијата“. На настанот беа поканети одговорни лица определени за соработка од институциите на локално и регионално ниво, граѓани од Општина Штип и пошироката околина.
Воведно обраќање на настанот имаше д-р Слаѓана Тасева, Претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија, проследено со презентација за досегашната работа на Центрите за совети и правна помош за период од 2012 и 2013година, со посебен осврт на работата на канцеларијата во Штип.
Во дискусијата се вклучија повеќето присутни, при што се дискутираше за проблемите со корупција во правостудството и управните органи. Поголем број на ставови беа изложени за тоа дека граѓаните сеуште се плашат да пријават корупција односно дека се чувствуваат незаштитени, за разликите во квалитетот на судските одлуки, за даночната евазија, проблемот со ризикот од корупцијата при вработувањето и непотизмот.
„Неопходно е да се работи за корупцијата да се намали, а ваквите дебати и настани помагаат во нејзиното разобличување“ порачаа дискутантите