Делегација на Европска Унија во РМ
Г-дин Манфредас Лимантас
Почитуван Господин Лимантас,
Ви ја праќам оваа порака во врска со вашето барање за средба од 2 Април 2013
година.
На почетокот една илустрација:
http://www.youtube.com/watch?v=FJbcjH7HW0M&feature=share
Сигурна сум дека Вие сте ја виделе оваа содржина и се надевам дека Делегацијата на Европската Унија во Скопје има регистрирано бројни други неправилности за време на денот на избори. Истрели во Струмица, полициско присуство во Кочани, поткуп на гласачи во Тетово …
ТИ–Македонија ќе ги документира сите инциденти посочени во медиумите и социјалните мрежи и ќе се обиде да ги сумира во извештај кој ќе биде објавен на нашата веб страница.
Ние немаме проект за оваа намена, бидејќи донаторите не ги земаа поткупот/корупцијата и принудата како дел од изборни неправилности. Сепак овој извештај ќе биде дел од редовниот годишен консултативен состанок во Брисел.
Дозволете ми да напоменам дека нашата средба ќе биде дополнително потврдена откако ќе ја видиме реакцијата на меѓународната заедница во врска со изборните инциденти и неправилности,особено оние кои се поврзани со поткуп и принуда.
Со почит,
Д-р Слаѓана Тасева
Претседател
Transparency International – Macedonia
Напомена: Оваа порака е дел од формалната кореспонденција на ТИ–Македонија и поради нејзиниот значај ќе биде објавена на нашиот веб сајт.