Ние ви се обраќаме во интерес на UNCAC Коалицијата и нејзиниот Координативниот комитет на UNCAC Механизмот за ревизија. Воедно, ние би сакале да им препорачуваме на UNCAC државите пристапнички, Имплементационата група за преглед (IRG) и UNDOC за постигнатиот напредокот во досегашниот прв циклус на преглед на спроведувањето на Конвенцијатa против корупција на ОН.
Во период на економската неизвесност и со растечките напор на јавна доверба во државниот и приватниот сектор, прашање е на итност за да се постигне напредок во национални и глобални акции за спречување на корупцијата, со користењето UNCAC како рамка. Ова може само да биде постигнато преку јакнење на алијансите помеѓу засегнатите страни кои се посветени на спречување на корупцијата.
Имајќи го ова на ум, ние го испраќаме ова писмо до вас согласно со Правилата 2 и 17 од Деловникот за процедури на UNCAC Конференција на државите членки (COSP), кои се пријавија во Групата за спроведување на ревизија. Исто така, ви пишуваме согласно COSP Резолуцијата 4/6 усвоена на 4-тата Конференција на државите членки во Маракеш во 2011, за да ве известиме за некои од нашите активности и придонеси во однос на оваа конференција. При тоа, ние напишавме извештај за нашето искуство во однос на Резолуцијата 4/6 и со тоа ја изразуваме нашата загриженост за исклучувањето на НВО – ции од Групата за спроведување на ревизија и од состаноците на работните групи на средства за обновување и превенција. Учеството на НВО-ции во меѓународните тела и механизми за ревизија допринесува за негување на дијалогот и помага во зајакнување на законите, политиките, програмите и институциите на национално ниво. Ова писмо е поднесено во интерес на UNCAC Коалицијата од страна на Мрежата за транспареност и отчетност во Филипини и од страна на Транспаренси Интернешнал.
Активностите и придонесите на граѓанските организации според Резолуцијата 4/6 може да бидат сумирани во следново:
1. Резолуцијата 4/6 беше компромис достигнат помеѓу Државните страни за да одржат информирање на НВО – циите за состаноците на IRG, со цел да изгради доверба во придонесот кој може да биде постигнат од страна на Граѓанските организации како набљудувачи на IRG, како клучно тело за механизмите на ревизија.[1] Тоа беше претставено како постојана мерка без суспендирање или оневозможување на примена на Деловникот за работа на COSP, каде се пропишува дека невладините организации треба да бидат примени како набљудувачи на сесиите на IRG.
2. На брифнингот на IRG организиран од страна на UNODC во јуни 2012, дозволи корисна размена помеѓу невладините организации и државните претставници, за придонес на НВО-ции во однос на механизмите за ревизија. НВО -ции известија за нивното искуство на државно ниво во UNCAC ревизискиот процеси, и исто така дадоа придонес во форма на наоди и препораки во однос на националната имплементација на Конвенцијата, што водеше до конструктивни дискусии со државните претставници.
3. НВО- ции исто така подготвија и поднесоа присмен информација до раководството на IRG, вклучувајќи ги и НВО парарелните извешати од државите и годишните извештаи кои ги сублимираат нашите наоди за транспарентноста и инклузивноста на ревизиските процеси на национално ниво, како и коментирајќи и правејќи предлози за одредени клучни прашања за спроведувањето.
Меѓутоа, НВО-ции продолжуваат да бидат исклучени од учество како набљудувачи во IRG и во Работните групи за средства за обновување и превенција на UNCAC.
Покрај тоа, следејќи го првиот конструктивен брифинг на НВО-ции во Јуни 2012, дополнително недозволиви беа ограничувањата на писмени поднесоци и усни изјави направена од страна на НВО до ИРГ. Ние бевме советувани дека пишаните и говорни изјави кои беа прифатени на првиот брифинг нема повеќе да бидат прифатени по втор пат, вклучувајќи го нашето Извршно резиме на извештаите на НВО-ции за националната имплементација на UNCAC.
Ние би сакалe да ги направиме следниве набљудувања за нашето искуство според Резолуцијата 4/6 :
Ограничувања на писмени поднесоци и усни изјави
4. Ограничувањата поставени на НВО–ции за писмени и усни изјави за IRG брифинзите ја ограничуваат нашата способност да ги пријавиме на нашите активности и проценки во борба против корупцијата. Тие го ограничуваат значајниот дијалог и размената на информации меѓу владите и другите засегнати страни за UNCAC процесот на ревизија и UNCAC имплементација.
5. Овие ограничувања не претставуваат добра пракса на ОН, водејќи сметка за практиките во други тела на ОН, вклучувајќи ја конвенцијата на ревизиските органи.
6. Ограничувањата се некомпатибилни со UNCAC обврските, вклучувајќи ги членовите 5 и 13, да се промовира учеството на граѓанското општество.
Исклучување на невладини организации како набљудувачи во IRG
7. Исклучување на НВО–ции како набљудувачи од IRG сесиите, значи дека не сме во можност да го следедиме и придонесеме од прва рака на дискусии на IRG. Ова ги спречува невладини организации од добивање на добро разбирање на овој дел од Механизмот за ревизија, додавајќи го своето искуство и знаење во текот на дискусии и помагајќи да се изгради довербата на јавноста во однос на ова тело. Тоа испраќа порака дека анти-корупциските дискусиите на IRG не се наменети да бидат познати на јавноста.
8. Исклучување на невладини организации од IRG како набљудувачи е, исто така, противречен со Правилата 2 и 17 од Деловникот на UNCAC Конференција на државите членки. (Види мислење на Канцеларијата на Обединетите нации за правни работи од 5 август 2010 година). Од друга страна, игнорирање на овие правила ја поткопува довербата на јавноста во однос на поврзани процеси со UNCAC.
9. Исклучување на НВО-ции е во спротивност со писмото и духот на Конвенцијата, вклучувајќи ги и членовите 5, 10 и 13. Во првите од овие членови се бара владите да го промовираат јавно учество и транспарентноста. Вторите се повици за транспарентност во јавната администрација. Третите, бараат политики за промовирање на активното учество на јавноста, ефективен јавен пристап до информации и слобода да се бара, прима, објавува и доставува информации во врска со корупцијата. На принципите и практиките кои Државите членки се обврзуваат дека под UNCAC се еднакво релевантни на меѓународно ниво. Да се однесуваат поинаку, е само ослабнување на Конвенцијата и поткопување на јавната доверба во својот потенцијал.
Исклучување на невладини организации како набљудувачи во работните групи
10. Исклучување на НВО-ции од присуство како набљудувачи на Работните групи на средства за обновување и превенција ги спречува невладини организации од добивка на добро разбирање на нивната работа и придонесување на своето знаење и искуство на дискусиите.
11. На НВО-те им се забранува без никаква основа во било која од одлуките на Конференцијата на државите членки. На COSP никогаш не се одржа било каква дискусии во врска со нивното исклучување и нивната исклученост во неспоивоста со Правилата 2 и 17 од Деловникот. (Види мислењето на Канцеларијата на Обединетите нации за правни прашања).
12. Повторно, исклучувањето на невладини организации од работните групи, исто така, е во спротивност со писмото и духот на Конвенцијата, вклучувајќи ги и членовите 5, 10 и 13.
Во одраз на нашето искуство со Резолуцијата 4/6 веруваме дека примената на релевантните Правила за процедури подобро ќе им служат на IRG и на UNCAC. Транспарентноста го зајанкува јавното разбирање, гради доверба и ги одвраќа злоупотребите на службената должност. Учество на граѓанското општество помага и ја зајакнува работата на владини претставници за справување со корупцијата. Соработка меѓу сите заинтересирани страни е од суштинско значење за унапредување на UNCAC имплементација и борба против корупцијата.
Со почит,
Винцент Лазатин Џилиан Дел
Мрежа за транспарентност и отчетност Транспаренси Интернешнл
Претцедател Секретаријат
UNCAC Коалиција Координативен Комитет UNCAC Коалиција
[1] Дека Резолуцијата 4/6 обезбедува меѓу другото, дека (скратено јазик):
1. Информирањето на НВО- ции ќе биде спроведено на маргините на IRG во однос на резултатите на процесот на ревизија, вклучувајќи јаидентификуваната потреба за техничка подршка.
2. Брифинзите ќе бидат подготвени врз база на IRG извештаите, тематските извештаи за спроведувањето и регионалната агенда.
3. Невладините организации можат да обезбедат коментари во пишувањето на напредокот.
4. Невладините оррганизации се обесхрабрени за известување … на нивните активности и придонесот за имплементирање на препораките и заклучоците на IRG одобрени од страна на COSP, вклучувајќи ги оние поврзани со потребите за техничката подршка и капацитетите за ефективна имплементација на Конвенцијата.