21.06.2013 Ниту еден пријавен случај на корупција во анти корупциските канцеларии на факултетите. Иако постојат повеќе од 3 години, никој не влегол да се пожали дека му е побарано мито.
Јавна тајна е дека услов за полежен испите кај некои професори е купена книга, но студентите тоа го премолчуваат.
Од парламентот се свесни дека канцелариите не функционираат, поставени се на централно место во факултетот, нема дискреција, и ги разбираат колегите кои не пријавуваат од страв да не паднат на испит и изгубат година.
-Канцелариите има недостаток, студентите имаат една поинаква перцепција затао што тие с ена факултетите и затоа што сметаат дека некој професор ќе ги види и ќе ги етикетира, како еве ги тие студенти кои пријавуваат корупција, изјави Марија Василева-орг.секретар во СПУКМ.
Малку подобра е состојбата кај студнтскиот правобранител. За една година пријавени се 30 случаи на корупција. Најмногу од нив за пробажба на учебници кои доаќаат од економскиот факултет.
-Сметаат дека сеуште како институции СПУКМ и студентскиот правобранител немаат капацитет тоа да го решат. Мислам дека поради таа недоверба многу од студентите и многу молчат за тоа дека има корупција, а ние сме свесни дека таа постои, изјави Симона Јандириевска-студентски правобранител
Од студентскиот парламент и правобранителот ги охрабруваат студентите да пријавуваат корупција затоа што тие остануваат анонимни а во повеќе од 50 проценти случаите се решаваат.
Извор : Fakulteti.mk