25.06.2013 Хрватска треба да го направи финансирањето на политичките партии повеќе транспарентно со цел да ја зајакне својата демократија со оглед на подготовките за приклучување на Европската унија (ЕУ), се вели во извештајот објавен денеска од Транспаренси Интернешнл. Во извештајот исто така, се повикуваат Албанија, Косово, Македонија и Србија да направат напредок во оваа критична област.
Извештајот: “Купување влијание: Парите и Изборите на Балканот”, предупредува дека недостигот на јавна доверба во политичките партии му се заканува на демократскиот процес на Балканот. Граѓаните во Македонија, Хрватска и Србија на политичките партии гледаат како најмногу корумпирани од дванаесетте јавни институции кои што беа тестирани, според Глобалниот Барометар на корупција за 2013 година, кој што треба да се објави ова лето.
2013_buyinginfluence_crinisbalkans_en 621.22 Kb
“Силната демократија и фер избори зависат од тоа колку се отворени книгите на политичкото финансирање. Без чиста политика не може да има чиста власт. Хрватска покажува мал напредок во однос на транспарентноста на финансирање на изборната кампања, додека пак соседните земји сеуште имаат многу да направат да ја подобрат состојбата во сферата на транспарентно финансирање на изборната кампања,” изјави заменикот – извршен директор на Транспаренси Интерншнл, Миклош Маршал.
"Нашите минати истражувања покажаа дека влезот во ЕУ не смее да биде изговор за владите да ги успорат нивните анти-корупциските напори. Всушност, ова е момент кога работите треба вистински да започнат, особено во финансирањето на политичките партии ", рече Маршал.
На 1 јули 2013 година, Хрватска ќе стане 28 –та земја членка на Европската Унија. Извештајот на Транспаренси Интернешнл од 2012 година предупреди дека финансирањето на политичките партии е проблем ширум ЕУ.
Денешниов извештај ја оценува транспарентноста во финансирањето на изборната кампања во периодот 2011 – 2012 година во Хрватска, Косово, Македонија и Србија, како и неизборното финансирање на политичките партии во Албанија во 2012 година. Извештајот презентира значајни празнини и во законите кои што го регулираат изборното финансирање и во начинот на кој тие закони се имплементираат. Трите најслаби димензии според резултатите од истражувањето се: веродостојност на извештаите на политичките партии, санкциите за оние кои што ги прекршуваат законите и мерките кои што треба да се превземат со цел да се спречи злоупотреба во финансирање на изборната кампања.
Во Косово, Македонија и Србија, веродостојноста на извештаите на политичките партии е најслаба од сите области кои што беа тестирани, додека во Хрватска веродостојноста на извештаите е втората најслаба област. Според извештајот, независните експерти во Хрватска сметаат дека официјалните извештаи на политичките партии покриваат единствено 50 – 60 % од вистинските приходи на изборната кампања, додека во Србија крајниот извор на финансирање за речиси половина од пријавените расходи во текот на мај 2012 е непознат.
Според закон, сите држаавни надзорни институции имаат значајни овластувања во поглед на контролата на изборното финансирање, но во пракса, овие институции не можат да ги натераат политичките партии да дадат ефикасен отчет поради недостигот на ресурси (Хрватска и Србија) или недостаток на независност од политичките партии (Албанија, Косово, Македонија). Овие проблеми мораат да се решат на тој начин што овие институции ќе можат да ги принудат партиите да доставуваат навремени и сигурни финансиски извештаи кои ќе бидат детално анализирани од страна на надзорните институции, а паралелно со тоа ќе се санкционираат оние партии кои што не го почитувале законот.
Санкциите за непочитување на законите и правилата на изборнот финансирање се исто така слаби. Ниту една политичка парија до сега (во Србија и Македонија), не била казнета поради прекршување на правилата на изборното финансирање.
Дополнителните препораки во извештајот вклучуваат:
– Да се обезбеди независност на државните надзорни институции на тој начин што членовите на овие институции треба да бидат составен од целиот политички спектар и нивното именување треба да биде одобрено од сите главни политички партии кои учествуваат на изборите.
– Хрватска и Македонија бараат поднесување на финансиските извештаи за приходите и расходите за време на изборниот период, овозможувајќи им на граѓаните да гласаат врз основа на информациите добиени од поднесените финансиски извештаи. Ова би требало да биде законска обврска за сите земји.
– Во Македонија постои законска обврска медиумите да објавуваат унифициран ценовник за политичко рекламирање на самиот почеток на изборната кампања. Со цел зајакнување на правилата за еднаков пристап до медиумите, оваа практика треба да биде усвоена и од другите земји.
"Недостатокот на веродостојни финансиски извештаи на политичките партии остава простор за корупција и злоупотреба на демократскиот систем од страна на богатите донатори вклучувајќи ги и големите бизниси ", изјави Ана Кох, Регионален директор на Транспаренси Интернешнл за Европа и Централна Азија. "Без транспарентност во објавувањето на донациите, невозможно е граѓаните да знаат во чиј интерес политичките партии дејствуваат.
Демократскиот живот на Балканот нема да напредува доколку овие проблеми не се решат со цел гласачите да имаат доверба во нивните претставници", рече Кох.
# # #
Транспаренси Интернешнл е глобална организација во борбата против копрупција
Белешка за уредниците:
Купување Влијание: Парите и Изборите на Балканот се базира на добро утврдена методологија позната како “Кринис методологија” развиена од страна на Транспаренси Интернешнл во партнерство со Картер Центарот. Методологијата вклучува анализа на правната рамка на политичкото финансирање и како истата се имплементира.
“Кринис” досега е спроведен 20 пати на четири континенти
Медиумски контакт
Крис Сандерс
+49 30 34 38 20 666
Email: press@transparency.org