10.07.2013 На ден 10.07.2013 година во Тетово Transparency International – Macedonia одржа Работилница на тема: „Граѓаните во борба против корупцијата.“ На настанот беа поканети НЕ Мариет Шурман (Marriët Schuurman) Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, Градоначалникот на Општина Тетово д-р Теута Арифи, Судии на Основен суд Тетово, Адвокати, Началникот на СВР Тетово, нотари, претставници на граѓанскиот сектор и други одговорни лица од институциите на локално и регионално ниво.
Работилницата со воведно обраќање ја отвори д-р Слаѓана Тасева Претседател на Transparency International – Macedonia по што на присутните им се обратија градоначалникот на Општина Тетово д-р Теута Арифи и НЕ Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија г-ѓа Мариет Шурман (Marriët Schuurman) .
Работилницата со воведно обраќање ја отвори д-р Слаѓана Тасева Претседател на Transparency International – Macedonia по што на присутните им се обратија градоначалникот на Општина Тетово д-р Теута Арифи и НЕ Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија г-ѓа Мариет Шурман (Marriët Schuurman) .
Во воведното обраќање д-р Слаѓана Тасева се осврна на досегашните резултати на канцелариите на Центарот за Совети и Правна Помош во Тетово, Скопје и Штип на Transparency International – Macedonia, според кои во изминатите 10 месеци граѓаните со 424 пријави се обратиле со наводи за корупција. Резултатите од поднесените пријави во канцеларијата во Тетово се задоволувачки. „Нашата цел е да ги охрабриме граѓаните да пријавуваат случаи на корупција. Бројот на повеќе од 100 поднесени пријави што граѓаните дошле и ги поднеле во канцелариите на Тетово е навистина за забележување. Резултатите коишто ги постигнуваме со давање на помош на граѓаните се постигнати и во комуникација со институциите затоа што чест недостаток е комуникацијата на граѓаните со институциите во решавањето на нивните проблеми. Проблемите пак се од најразличен вид, некогаш станува збор само за бавна администрација некогаш станува збор за недоволно познавање на процедурите, некогаш станува збор за туѓи или нечии интереси на којшто им се дава предност, но битно е дека во било која од тие ситуации институциите прифаќат комуникација со нашата канцеларија и настојуваме да најдеме решение кое ќе биде во полза на граѓанинот кој што се разбира, соодветно на одредената ситуација, би требало да си го оствари свето право во овие институции.“
НЕ Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија г-ѓа Мариет Шурман (Marriët Schuurman) нагласи дека е потребно граѓаните да имаат каде и да проговорат за проблемите, за да не ја плаќат цената на корумпираното општество во кое живеат. НЕ истакна дека „Амбасадата на Кралството Холандија го поддржува отворањето на две канцеларии на Transparency International – Macedonia во Штип и Тетово. Причината за нашата поддршка е помошта да им биде подостапна на граѓаните во нивната борба со корупцијата. Последните барометри покажуваат дека корупцијата во Македонија е на високо ниво, но една третина од граѓаните сметаат дека можат да направат разлика.“
Градоначалничката на Општина Тетово д-р Tеута Арифи во своето излагање посочи дека: ‘’Битката против корупцијата е многу значајна за нас како Општина особено имајќи во предвид фактот дека транспарентноста во процесот на работењето е начинот како една Општина може да излезе од криза, ако се наоѓа ви криза како што е случајот со Општина Тетово.“ Таа истакна дека очекува сериозна соработка со Transparency International – Macedonia на полето на борбата против корупцијата.
Од страна на Правните советници на Transparency International – Macedonia на работилницата беа презентирани четири конкретни случаи на пријави од граѓани, беше презентиран извештај за постапување по пријавите, постапувањето од работата на Центрите за совети и правна помош преку кои на присутните им се долови начинот на постапување на канцелариите по добиени пријави со ризик од корупција.
Настанот беше проследен со прашања од присутните и отворена дебата, на која се дискутираа проблемите со корупција во правосудството, работата во управните органи, како и за присутноста на корупцијата во сите сфери на општественото живеење. Беа доставени и неколку предлози и иницијативи за соработка во борбата против корупцијата, и притоа беа изложени констатации дека граѓаните сеуште се плашат да пријават корупција, дека отсекогаш ја имало и ќе ја има но дека корупцијата не е во природата на човекот, меѓутоа она што е важно е тоа дека треба да се работи за таа да се намали, и дека токму ваквите дебати и настани придонесуваат во борбата против корупцијата.
На настанот беа присутни 32 претставници од различни области и тоа: претставници од Општина Тетово, Судии , претставници од подрачни одделениа на Министерствата во Тетово, од Катастар на недвижности , претставници од МВР СВР Тетово, претставници од Адвокатската фела, Извршителската професија во Тетово, Нотари, претставници од здружение на пензионери Тетово, претставници од невладини организации од Тетово и поширокиот регион.
Д-р Слаѓана Тасева, НЕ Г-ѓа Мариет Шурман (Marriët Schuurman) Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија и Градоначалникот на Општина Тетово Г-ѓа Теута Арифи дадоа изјави на присутните новинарски екипи од локалните телевизии ТВ Коха Тетово и ТВ Менада Тетово кои за настанот пренесоа на своите медиуми со посебни прилози емитирани во ударни термини.