26.09.2013 Што претставува 5-та Конференција на државите членки на Конвенција на Oбединетите нации за борба против корупција и зошто е важна?
Претставниците од 167 држави членки на Конвенција на Обединетите нации за борба против корупција (UNCAC) ќе се состанат во Панама Сити во Ноември на 5-та Конференција на UNCAC. Овој самит кој се одржува на секои две години е главна глобална можност за проверка на прогресот под Конвенција на обединетите нации за борба против корупција и за здружени заеднички напори против корупцијата.
Преку илјада државни службеници се очекуваат да присуствуваат, заедно со претставниците од меѓувладините агенции и граѓанско општествени организации (CSO). Секретаријатот за UNCAC COSP е канцеларијата за дрога и криминал на обединетите нации (UNODC).
Агендата за пет дневниот состанок опфаќа заштита од корупција, криминализација и принудување, меѓународна соработка, основни средства за надоместување и техничка помош. Многубројни посебни настани се планираат напоредно со COSP, организирани од различни меѓународни институции. Неколку извештаи и иницијативи исто така ќе бидат презентирани на конференцијата.
Коалицијата UNCAC подготви изјава со 18 препораки за акција од страна на државите членки потписнички на Конвенција на Oбединетите нации за борба против корупција, за да се обезбеди вистинско влијание. Изјавата e преведена на шестте јазици на обединетите нации: арапски, кинески, англиски, француски, руски, шпански.
Писмо од UNCAC коалицијата до генералното заседание за 5та COSP
Да се издвои важноста на претстојната Конференција, во среда на 25 ноември, 2013 Коалицијата на UNCAC прати писмо до претседателот на генералното заседание Аше, со неговите 18 препораки. Писмото е во согласност со посебниот настан на генералното заседание на пост-2015 Милениумски развојни цели. Во писмото, претседавачот на коалицијата Винсент Лазатин истакна: “Корупцијата не е обично злосторство. Ги намалува и често ги уништува животите на милиони луѓе низ светот. Тоа предизвикува оштетување на здравјето на луѓето, на образованието, на домувањето и животната средина. Го поткопува економскиот развој и произведува нееднаквост и неправда. Се спротивставува на човечките права и човечкото достоинство.,, Сојузот повика на акција од страна на владите за да се зајакне продолжението на UNACAC и неговиот прегледен процес.
Што треба да се случи на 5-та UNCAC COSP и зошто?
Коалицитата на UNCAC исто така има поднесено својата изјава со 18-те препораки до UNCAC COSP. Тие бараат од државните членки да:
• Стават крај на тајните примени кои ги штити корумпираните
Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата ја истакнува важноста на транспарентноста во борбата против корупцијата. Како и да е, многу земји се далеку од постигнување на јавен пристап на информации кои се потребни. Земјите треба да претстават појасен пристап до информациска легислатива и треба да се создадат јавни регистри на вистинските сопственици на компании и други носители.
• Да се поправи слабоста во спроведување на криминалното право кое води до попустливост за мито
Празнините во законите и многубројни институциски и практични проблеми го попречува спроведувањето на законот против корупциските прекршители. Често се појавуваат како резултат од недостаток на политичка волја за да се справиме сериозно со корупцијата. Потребни се појаки мерки со построги правила, за да се обезбедат санкции за појака гаранција на независноста и ресурсите за спроведување на правните органи и судии.
• Да се отсранат бариерите кои ги спречуваат националните богатства од повторно добивање на украдени средства од странство
Покрај јасната покриеност на UNCAC за враќање на средства, остануваат многубројни бариери кои го успоруваат или блокираат напорот за враќање на средства. Оваа се низа од процедурални препреки, до грижи за тоа дали ќе се вратат средствата, кои наскоро повторно ќе исчезнат. Овие бариери можат и треба да бидат редуцирани со конструкцијата на UNCAC, преку мерки земени преку земјите кои бараат дозвола и оние кои веќе побарале дозвола.
• Да се подобри процесот за преглед на редуцирање на задоцнувањата, да се бара следење и да се направи да биде потранспарентно и вклучно
Процесот на UNCAC за преглед на имплементацијата на замјата е голем проект кој напредуваше стабилно од кога започна во 2010. Но, заостанува со распоредот и е спроведен широко во црна кутија – има малку јавни информации за тоа кога прегледот на државата е одржан и кој посебно е инволвиран. Проценката на државата и целокупниот финален извештај не е објавен од страна на државните инволвирани власти, и до денес многу земји немаат. Само е објавен извршен заклучок од извештајот. Исто така, досега нема никакви договори за следен процес. На меѓународно ниво, граѓанските општествени организации се исклучени од дискусии со Обединетите нации за UNCAC, и покрај UNCAC јазикот и правилата на процедурата кој кажува дека треба да бидат поканети. Сите овие недостатоци треба да бидат упатени.
Што можете да направите
• Напишете до вашата влада за да ги прашате следниве прашања и нека не извести за нивниот одговор:
– Дали можат да ги поддржат препораките на сојузот на UNCAC? Кои?
– Кои се нивните цели за 5-та UNCAC конференција на државите членки. Кои предности во анти- корупциските напори се надеваат дека ќе ги постигнат таму?
– Што прават тие за да се имплементираат нивните UNCAC обврски?
• Искажете ги вашите погледи на предметот преку социјалните медиуми. UNCAC сојузот има блог кој може да ви помогне.
• Придружи се на напорите на UNCAC коалицијата пред UNCAC конференција на државите членки.