23.10.2013 Дури половина од граѓаните кои поставиле прашања од институциите не го добиле својот одговор. А повеќе од половина не ни чуле дека постои закон кој им го дава тоа право. Тајните се се повеќе, од правото на јавноста да знае колку чини рекламирањето на владата до правото да знаат колку луѓе храни државниот апарат. А некои тајни се погорчливи од другите, како онаа кога власта крие какво влијание имаат врз здравјето на луѓето и животната средина некои од фабриките и инвестициите.
Комисијата за слободен пристап до информации се жали дека нема пари ниту да си ги плати комуналиите, а работат со три пати помалку персонал од предвидениот. Во меѓувреме растата списоците со „државни тајни“. Информациите за трошењата на народните пари владата не ги споделува со граѓаните.