„Заради погрешно спроведените сметководствени принципи и начела во делот на спроведување на сметководствените трансакции и поради несоодветни комуникации и проток на информации и документи помеѓу секторите, најзначајните билансни позиции се погрешно, неосновано искажани во поголем износ што има влијание на реалното и објективното искажување на финансиските извештаи“, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија.
Во однос на Програмите за здравствена заштита ревизијата констатира дека одговорните лица за програмите реално ги димензионираат потребните финансиски средства за секоја програма во буџетските барања. Сепак, со донесување на буџетот, како и во претходниот период така и во 2012 година одобрени биле многу помали износи во рамки на кои Министерството ги подготвило програмите, и покрај фактот дека истите не се сообразени со предвидените активности и Министерството нема да биде во можност да ги исплати обврските кон институциите преку кои се спроведуваат програмите.
„Дотолку повеќе што во текот на 2012 година предвидениот буџет за одредени програми е намален и со ребалансот исплатени се 2,870,777 илјади денари, кога најголемиот дел на активности се завршени“, констатира извештајот.
За забелешките на ревизорите СКУП побара став од министерството за здравство, но засега оттаму никој не одговори на нашите прашања.
|
Сепак со коментар за извештајот вчера излезе министерот за здравство, Никола Тодоров. Тој во Собранието бурно и нервозно реагираше на обвинувањата од опозицијата со зборовите „Не сум криминилец!“
Откако пратеникот на НСДП, Горан Мисовски упати критики за работата на министерството и говореше за последниот извештај на ДЗР, Тодоров му реплицираше дека треба да се засрами, бидејќи тој работи по 19 часа на ден а забелешките на ревизорите се должат на сметководствена грешка.
„Мафтате овде и криминалец ме направивте. Па нема ништо повеќе да ме нервира од тоа некој криминалец да ме прави и тоа на јавна говорница, како може така? Треба малце кредибилитет да се има и морална одговорност, човек напаѓате. Прочитајте убаво а не за ситни политички поени да излегувате со невистини“, рече Тодоров, по што ги удри микрофоните од собраниската говорница.
Извор : СКООП Македонија
а