15.11.2013 Транспаренси Интернешнл – Македонија има потреба од волентер/ка со завршен правен факултет, мотивиран/а да се стекне со ново работно искуство во граѓанска организација чија основа цел е да воспостави систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата. ТИ-Македонија во текот на спроведувањето на програмските активности има потреба да регрутира волонтер/ка кој сериозно ќе пристапи кон обврските и несебично ќе се вложи во текот на нивната реализација.
Волонтерскиот ангажман е предвиден во период од 3 месеци, при што рокот на пријавување е до 30 ноември 2013. Сите заитересирали лица кои сакаат да аплицираат на повикот за волонтирање потребно е да испратат биографија и мотивационо писмо на следнава маил адреса: job@transparency.org.mk
Ви благодариме за вашиот интерес и желба да волонтирате во Транспаренси Интернешнл-Македонија.