Комисијата забележала дека се фаворизирале фирми, како што е случајот со две италијански фирми поврзани преку сопственикот Фернандо Маринели. Останатите учесници на различни начини биле исклучувани од постапката, па така овие фирми ги изработиле сите споменици во периодот од јуни 2008 до јуни 2010, иако останатите понудувачи ималедрастично ниски цени.
Комисијата која работи на ревизијата констатирала неправилности при јавните набавки за изработка на модели, притоа авторите давале нејасни пресметки и речиси сите автори давале слични примери на пресметки, што укажува дека имало извесно координирање меѓу авторите и општината. Потоа во извештајот се наведува дека едно се договарале, а друго се правело. Како што е примерот со споменикот „Воин“. Иако првично требало да има една фонтана и еден споменик, потоа тоа прераснало во комплекс со четири фонтани и неколку споменици, за што авторката Валентина Стевановска добила сума од 1,5 милиони евра. Но има и обратна ситуација кога се изградило и помалку од договорено, како што е пример со лавовите на мостот Гоце Делчев. И двата типа на лав се предадени со помалку релјефна површина. Тие за релјефите побарале по 1.500 евра по метар квадратен, а предале површини помали за 5, 92 метри квадратни, со што од општината неосновано наплатиле 17, 760 евра. Забележан е и пример кога споменици правеле фирми који не биле регистрирани за таа дејност. Така Цар Самоил и Методија Андонов Ченто го правела фирма која меѓу другото се занимава со трговија на мебел и предмети за уредување и орнаменти, гоблени и везови.
Ревизијата на проектот беше едно од главните ветувања на Жерновски. Тој вели дека не е воопшто изненаден од резултатите. Но што се однесува за понатаму, кај него останува само надежта дека институциите нешто ќе преземат за сакционирање на виновниците. И овој , како и привиот извшетај од август ќе биде предаден на обвинителството. Од обвинителството се уште нема реакција за првиот.
„Мора да има одговорност за сето ова. Не гледам на кој начин може, не може обвинителството да молчи, мора да излезе со изјава. Останува да се надевам.“
Комисијата која работеше на ревизија на проектот по барање на Жерновски, засега завршува со работата. Паралелно со нивната ревизија, проектот го проверуваше и Државната ревизија.
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го повика Жерновски да поднесе кривични пријави против тие за кои сметаат дека ги прекршиле законите, а поврзано со проектот Скопје 2014.
„Се тресеше гората, се роди глушец. Нема фанфари, нема битки на Жерновски против власта, нема револуции и востанија на СДСМ, денес има една паушална и смешна информација од Општина Центар за наводно проблематично постапување во врска со 8 милиони“, стои во соопштението.
Извор: Радио Слободна Европа