09.12.2013 По повод меѓународниот ден за борба против корупција Транспаренси Интернешнл – Македонија на 9-ти декември организира кампања под мотото „Приклучи се и ти во борбата против корупцијата-Повлечи Црвена Линија!“ која ќе се спроведе со почеток од 11 – 13 часот на две локации: пред Домот на културата во Тетово и на плоштад “Слобода” во Штип.
ТИ-Македонија ги повикува граѓаните на Тетово и Штип и околните места во тие региони, на 9-ти декемви да се приклучат кон кампањата и да придонесат кон заложбите за осветлување и пријавување на коруптивните практики кои треба да бидат забележани и документирани со цел да бидат елиминирани.
ТИ-Македонија ги повикува граѓаните на Тетово и Штип и околните места во тие региони, на 9-ти декемви да се приклучат кон кампањата и да придонесат кон заложбите за осветлување и пријавување на коруптивните практики кои треба да бидат забележани и документирани со цел да бидат елиминирани.
Граѓаните на овој начин ќе имаат можност да се запознаат со работата на ТИ-Македонија, отвореноста на канцелариите за соработка преку “Центарите за совети и правна помош” во Скопје Тетово и Штип, давајќи при тоа заеднички придонес во борбата против корупцијата.
Меѓународниот ден за борба против корупција се одбележува со цел да се укаже на распространетоста на оваа општествена појава и да се промовираат ефикасни мерки за нејзино спречување. Организацијата на Обединетите Нации (ООН) на 9 декември 2003 година во Мерида ја усвоија Конвенцијата за борба против корупција (УНКАК), чија основна цел е унапредување и јакнење на мерките за ефикасно и успешно спречување и борба против корупцијата. Државите членки со прифаќање на Конвенцијата изразија загриженост поради сериозноста на проблемот и заканата која корупцијата ја претставува во однос на стабилноста и безбедноста, нагризувајќи го системот и загрозувајќи го одржливиот развој и владеење на правото. Со тоа Конвенцијата стана најзначајниот меѓународен антикорупциски инструмент и прв правно обврзувачки меѓународен документ од оваа област.
Република Македонија, во 2007 година ја ратификуваше Конвенцијата на ООН, со што формално се приклучи на глобалните процеси за борба против корупцијата. Меѓутоа, корупцијата и понатаму претставува проблем од висок приоритет за Република Македонија.
Резултатот од годинешниот Индекс на перцепција на корупцијата е речиси идентичен со резултатот од минатата година (43 : 44 индексни поени) и укажува на тоа дека постои застој во подобрувањето на состојбите во оваа сфера.
Исто така, Барометарот на глобалната корупција за Македонија во 2013 година (истаржување кое се темели на перцепцијата и искуствата на луѓето за корупцијата) покажа дека проблемот со корупција во јавниот сектор сеуште е виско оценет со 4,1 (на скала каде 1 – не се воопшто и 5 сериозен проблем). Но, охрабрувачки е податокот дека 82 % од граѓаните се изјасниле дека се спремни да се борат против корупцијата.
Покажете ја вашата спремност да се борите против ова зло кое ги најмногу ги засега граѓаните кога треба да си ги остварат нивните права.