15.01.2014 Експертската јавност бара надлежните институции да го испитаат случајот со тендерот за набавка на медицинска опрема во кој е вклучена и уредничката на Сител Ивона Талевска.
Според поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева, во целиот процес не треба да се разговара за етика туку дали има сериозни индиции за законска корупција. Според неа на потег се надлежните.
Според поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева, во целиот процес не треба да се разговара за етика туку дали има сериозни индиции за законска корупција. Според неа на потег се надлежните.
За поранешната антикорупционерка е нејасно дали целата постапка е спроведена транспарентно и во рамки на законите.
Додека експертската јавност повикува надлежните да го проверат случајот претседателката на Македонската асоцијација на новинари Слаѓана Димишкова за 24 вести вели дека остануваат на првичниот став според кој се пласираат неосновани напади и квалификации против новинарите за дневно политички потреби. Од ЗМН пак најавија дека со свој став ќе излезат деновиве.
Извор: 24 Вести