06.02.2014 Транспаренси Интернешнл- Македонија во неколку наврати и укажа на надлежните институции дека постои неопходна потреба од нормативна заштита на пријавувачите на корупција со цел граѓаните да се охрабрат и да придонесат кон осветлување на коруптивни практики, кои треба да бидат забележани и документирани за во иднина да бидат елиминирани. Владата го стави овој закон во програмата за 2013 година, поради што на крајот на годината и потсетивме дека рокот е поминат.
Покрај ова, Транспаренси Интернешнел Македонија, како членка на престижната меѓународна организација Transparency International, во повеќе наврати понуди помош за подготовка на законско решение, пред се имајќи го предвид долгогодишното искуство на организацијата за работа во оваа област. Оваа понуда за соработка не беше прифатена и спротивно на принципите за отвореност и соработка во подготовка на законите кои се во интерес на граѓаните, организацијата не беше повикана да учествува во подготовката на Нацртот кој од 30.12.2013 е предмет на јавна расправа.
Покрај ова, Транспаренси Интернешнел Македонија, како членка на престижната меѓународна организација Transparency International, во повеќе наврати понуди помош за подготовка на законско решение, пред се имајќи го предвид долгогодишното искуство на организацијата за работа во оваа област. Оваа понуда за соработка не беше прифатена и спротивно на принципите за отвореност и соработка во подготовка на законите кои се во интерес на граѓаните, организацијата не беше повикана да учествува во подготовката на Нацртот кој од 30.12.2013 е предмет на јавна расправа.
Министерството за правда на Република Македонија подготви Нацрт текстот за Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупција кој беше објавен на 30.12.2013 година, со кој покрај другото, се воведува и систем на заштита на whistleblowers, во рамки на кој и целата постапка се става во надлежност на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
ТИ-Македонија се произнесе со мислење и сугестии во врска со Нацрт текстот за Предлогот кој е понуден за јавна расправа и за која смета дека има длабоки недостатоци кои треба да бидат целосно преиспитани. (Целиот текст со забелешките и коментарите кој е испратен до Министерството за правда на 06.02.2014 можете да го преземете во PDF формат.)
Врз основа на анализата на Нацртот на Предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за спречување на корупција ТИ-Македонија констатираше дека:
• Постои потреба од отворање на широка јавна дискусија во која сите заинтересирани страни ќе дадат свој придонес во насока изнаоѓање на соодветни законски решенија и детално разработување на системот на пријавување, а особено на заштита на пријавувачите.
• Мобилизирањето на граѓанскиот и користењето на меѓународните практики и искуства и нивниот придонес во процесот на креирање политики е неопходен предуслов за изготвување на ефикасен и ефективен систем на пријавување.
Во Нацртот воочливо е дека ДКСК добива зголемена и ексклузивна надлежност, како единствена институција до која можат да се поднесуваат пријави. Ова од една страна ги отвора прашањата за легитимноста, што со другите институции и органи до кои на однова на други закони граѓаните доставуваат пријави, како што е Народниот правобранител) или како ќе се постапува во случаи на пријава за незаконитости во работењето на ДКСК, прашањето за ресурсите и капацитети со кои располага комисијата и прашањето кое им претходи на сите прашања, довербата на граѓаните во ДКСК.
Воедно, нацртот не кажува ништо за околностите во кои whistleblowers оправдано директно би се обратиле во јавноста или би направиле јавно објавување на друг начин, како и надминување на било кои договорни обврски на доверливост кои се утврдени со Препораките на Советот на Европа.
Секако не помалку значајни се прашањата кои се однесуваат на доверливоста на пријавувачите и заштитата на нивните семејствата кои не се прецизно утврдени односно постои потреба од појаснување на одредени околности.
Поради тие причини сметаме дека предложениот текст треба да биде повлечен од натамошна постапка се додека во соодветна, партиципативна постапка заснована на анализа на најдобри практики, не се обезбеди текст кој во себе ќе ги инкорпорира како меѓународните стандарди така и добрите практики кои во целост ќе можат да бидат вградени во правниот систем во Република Македонија на начин што ќе ги обезбеди основните (минимум) принципи системите за заштита на пријавувачите („укажувачите„).