На конкурсот предност ќе имаат студенти од завршните години на правните и економските студии, особено од студиите по новинарство, односи со јавност, комуникации, политички науки…, како и лица со искуство во мониторирање на медиуми. Суштински важно е кандидатите да ги познаваат или македонскиот или албанскиот јазик или и двата јазика, а како предност ќе се смета и доброто познавање на англискиот јазик.
Заинтересираните кандидати треба да испратата кратко CV, со сите информации за контакт (телефон и меил) на info@transpаrency.org.mk, со назнака за Конкурсот за монитори, не подоцна од четврток, 27.02.2014.
Избраните ќе треба да бидат на располагање за обуката веќе во првата недела од март.
Работата ќе биде пристојно валоризирана преку соодветен хонорар.