19.05.2014 Над 30 новинари и уредници заедно со експерти за медиуми и тренери, во периодот од 16 до 18 мај разменија искуство и знаење за специфични медиумски вештини и техники при изработката на новинарските содржини на медиумите.
Настаните се одвиива во форма на работилници во рамките на проектот Поддршка на независните медиуми во Република Македонија, што е спроведуван од Транспаренси Интернешнл Македонија и ЕРИС од Обединетото Кралство, а е поддржан од Европската Унија, преку инструментот за демократија и човекови права ЕИДХР.
Настаните се одвиива во форма на работилници во рамките на проектот Поддршка на независните медиуми во Република Македонија, што е спроведуван од Транспаренси Интернешнл Македонија и ЕРИС од Обединетото Кралство, а е поддржан од Европската Унија, преку инструментот за демократија и човекови права ЕИДХР.
Новинарите и уредниците на неделникот Фокус, на веб сајтот НОВА ТВ, на дневниот весник Слободен Печат и на телевизијата Алсат М, имаа прилика да се запознаат основите и принципте на истражувачкото новинарство, со некои техники за употреба на мултимедијата, со вежби за одбирање на факти во измислена хипотетичка сторија, со типови на глава на вести, со употребата на фотографијата и графиката во печатените медиуми, како и употребата на видеото во телевизиското известување. Со учесниците на Слободен Печат и на Алсат М беше анализирана и нивната содржина и беа разменети искуства како би можела да се презентира и на поинаков начин. Воедно, на учесниците им беа презентирани и некои примери од печатеното новинарство од Велика Британија.
Работилниците беа целосно интерактивни, така што и по сугестија на присутните беше разговарана за се она што ги интересира и надвор од претходно утврдениот дневен ред. Секоја работилница беше однапред дизајнирана за да ги пресретне потребите за секој медиум одделно.
Работилниците ги водеа г-ѓа Марина Тунева, предавач на Високата школа за новинарство од Скопје и г. Мартин Хакерби, слободен новинар и медиумски експерт од Лондон и двајцата ангажирани за потребите на проектот.
Транспаренси Интернешнл Македонија ги организираше овие целодневни настани со сите потребни услови за учесниците во хотелот Континентал во Скопје.
Следниот сет работилници е предвиден за периодот од 30 мај до 01 јуни, на кој ќе има и една заедничка сесија посветена на говорот на омраза и на правни прашања.