30.05.2014 оворот на омраза може да ги подгори меѓуетничките тензии во Македонија, а од друга страна, институциите не реагираат доволно за спречување на ширењето на омразата, велат упатените.
Консултантот за медиуми Мартин Хакерби вели дека и покрај тоа што надлежните и публиката се свесни за штетноста на феноменот, проблемот сепак постои.
GOVOR NA OMRAZA 30 05 by 24vesti
„Постои опасност од потпалување на страстите и влошување на тензиите во време кога народот треба да биде мирен и рационален. Тоа е фрлање бензин во оган. Не е изненадувачки кога сето тоа ќе избие. Луѓето често намерно го користат говорот на омраза со цел некој да биде обвинет. Често мета е една цела општествена група, врз основ на религиозна припадност, сексуална ориентација, етничка припадност или политичка определба. Обичено цел куп луѓе се обвинуваат“.
Постојат закони и формирана е посебна комисија, но граѓаните многу малку знаат за тоа, вели Слаѓана Тасева од меѓународната „Транспаренси Интереншнл“
До сега нема информации за казни против ширење на говорот на омразата а темата повторно се актуeлизираше по навреди за претставник на дипломатскиот кор и меѓуетничките тензии кои избија по убиството на средношколец во скопската населба Ѓорче Петров.
Извор : 24 Вести