ТИ-М веднаш упати пријава до ОЈО Тетово, од каде пријавата била препратена до Финансиската полиција, која пак, деновиве не извести дека постапила по нашата претставка и поднела кривични пријави против директорот на училиштето и против лицето Б.Ф. претседател на Советот на училиштето, за помагање.
Во вториот случај од мај годинава станува збор за пријава до ТИ-М дека при вработување преку конкурс во Националната установа Завод и Музеј – Струмица, е примено лице кое е син на директорот на Музејот, кој пак го вршел и изборот на кандидатот.
ТИ М првин со барање за пристап до информации ја потврди информацијата од установата, а потоа упати претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која откако го проверила случајот и констатирала дека се прекршени Законот за спречување на судир на интереси и Законот за спречување на корупцијата, поради што не зивести дека во рамки на надлежноста ДКСК упатила иницијатива до Министерството за култура за разрешување на директорот на Завод и Музеј – Струмица.
Со оглед на тоа дека граѓаните (пријавувачи) инсистираа на анонимност, плашејќи се од последиците Транспаренси Интернешнл – Македонија оценува дека преку овие два случаи се потврдува важноста од институционална заштита на пријавувачите на корупција – т.н. свиркачи (whistleblowers ).
Транспаренси Интернешнл – Македонија, воедно изразува задоволство од брзата и ефикасна постапка на институциите во овие два случаи, кои со тоа покажуваа колку е важна соработката помеѓу сите чинители во општеството за како за нивната ефикасна работата, така и за успешна борба против корупцијата во целина.