Потпишување на „Декларација за промовирање на принципиелни ставови за остварување на уставно и законски гарантираната слобода на медиумите во РМ”
03.11.2014 На 4 ноември 2014, во вторник, во хотелот Стоунбриџ во Скопје, со почеток од 11 часот, Transparency International Macedonia (ТИ – Македонија) има чест да Ве покани на потпишување на „Декларација за промовирање на принципиелни ставови за остварување на уставно и законски гарантираната слобода на медиумите во РМ”.
Оваа иницијатива е дел од проектот за поддршка на независни медиуми во РМ, што го спроведува Транспаренси Интернешнл-Македонија заедно со британската НВО ЕРИС, а е поддржан од Европската Унија, преку инструментот EIDHR.