04.11.2014 Медиуми, невладини организации, други субјекти и поединци, потпишаа денеска Декларација за принципи за остварување на медиумската слобода во Република Македонија.
„Ние долупотпишаните претставници на медиумите и на невладиниот сектор сакаме да ја искажеме нашатa цврста определба за почитување и промовирање на принципиелни ставови во врска со медиумскиот сектор и потребата од негово реформирање, со крајна цел да се постигне посакуваната слобода на медиумите и правото на јавноста да биде информирана“ – се вели на почетокот на Декларацијата.
Документот го потпишаа шест медиуми, четири невладини организации, Самостојниот синдикат на новинари и медиусмки работници, една политичка партија и повеќе новинари поединци, како и други граѓани.

„Декларацијата за промовирање на принципиелни ставови за остварување на уставно и законски гарантираната слобода на медиумите во Република Македонија“, како што гласи целото име на документот, е подготвен од страна на „Транспаренси Интернешнл Македонија“ како дел од проектна активност, а во процес на двомесечно усогласување со сите страни вклучени во процесот, но и надвор од него.
На денешната церемонија во Скопје за документот, но и за проектот во чии рамки е изготвен документот, зборуваше претседателката на ТИ-М д-р Слаѓана Тасева.
На денешната церемонија во Скопје за документот, но и за проектот во чии рамки е изготвен документот, зборуваше претседателката на ТИ-М д-р Слаѓана Тасева.
„Од особено значење е дека оваа Декларацијата е резултат на широк консултативен процес и учество на претставниците од повеќе медиуми, асоцијации и здруженија, синдикатот на новинарите, уредници и сопственици на медиуми, невладини организации. Декларацијата е израз на потребите на самите медиуми и медиумски работници и организации за подобрување на состојбата во оваа сфера“ изјави Тасева.
Документот го претстави координаторот на проектот Теофил Блажевски, а потоа за значењето на овој тип документи и за сорботката меѓу медиумите и невладините организации зборуваше Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија.
Документот го потпишаа претставници на медиумите Фокус, НОВА ТВ, 24 Вести, Слободен Печат, Плус Инфо и на Канал 77, како и претставниците на невладините организации Македонски институт за медиуми, Центар за развој на медиуми, Транспаренси Интернешнл Македонија, Здружение на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и други медиумски организации. Во процесот на консултации беше вклучена и другата асоцијација на новинара МАН, како и некои други медиуми, особено Алсат М, кои го известија организаторот дека се согласуваат со документот и дека ќе го потпишат дополнително.
Принципиелните ставови изразени во Декларацијата се отворени за поддршка и од страна на Владата на РМ преку надлежното Министерство за Информатичко општество, како и од страна на регулаторното тело, Агенцијата за медиуми. Документот е отворен за поддршка и од страна на сите други медиуми и невладини организации/здруженија на граѓани во РМ, како и парламентарни и вонпарламентарни политички партии кои сметаат дека ги поддржуваат и јавно ќе ги застапуваат.
Овие ставови во Декларацијата се групирани во четири сегменти: политичка волја за слобода на медиумите, реформи на законодавството, финансиски предуслови и професинална работа на медиумите и новинарите.
На крајот од настанот беше претставен и планот за активности за јавно застапување на принципиелните ставови што го изработи Драган Секуловски, специјално ангажиран за оваа задача.
Документот беше изработен во рамки на фазата Јавно застапување во проектот Поддршка на независни медиуми во РМ, што од почетокот на годината го спроведува Транспаренси Интернешнл Македонија заедно со британската невладина организација ЕРИС од Лондон.
Проектот е поддржан од страна на Европската Унија преку инструментот за демократија и човекови права ЕИДХР.