Според податоците од Фондот за здравствено осигурување во јавното здравство има вкупно 18 200 вработени, бројка која постојано варира бидејќи некои заминуваат, други одат во пензија. Испразнетите работни места во болниците тешко се пополнуваат бидејќи Министерството за финансии не одобрува средства, така што јавното здравство се потпира на волонтерите.
На овој начин македонското јавно здравство обезбедува луѓе кои го заменуваат кадарот. Армија луѓе кои веќе се докажале во својата професија бидејќи со години работат како медицински сестри, лаборанти, инструментарки во операциони сали, ренген техничари, болничари, работат за само 4500 денари месечен надомест со кои се покриваат само трошоците за храна и превоз. Како болничари тие транспортираат пациенти од внатрешноста до клиниките во Скопје, инструментарките се вклучени во комплицирани операции, медицински сестри даваат инфузии, лекови, инјекции, на пациентите им ставаат контрасни средства за време на снимање на апаратите за Комјутеризирана томографија и Магнетна резонанца.

На овој начин македонското јавно здравство обезбедува луѓе кои го заменуваат кадарот. Армија луѓе кои веќе се докажале во својата професија бидејќи со години работат како медицински сестри, лаборанти, инструментарки во операциони сали, ренген техничари, болничари, работат за само 4500 денари месечен надомест со кои се покриваат само трошоците за храна и превоз. Како болничари тие транспортираат пациенти од внатрешноста до клиниките во Скопје, инструментарките се вклучени во комплицирани операции, медицински сес
три даваат инфузии, лекови, инјекции, на пациентите им ставаат контрасни средства за време на снимање на апаратите за Комјутеризирана томографија и Магнетна резонанца.
Катастрофална е состојбата и на скопските клиники. И покрај тоа што најголем дел се крепат од работата на волонтерите, се уште недостасуваат болничари, медицински сестри, хигиеничари. Неофицијално, најлошо е на Клиниката за гинекологија каде што дури 37 проценти се волонтери, или 150 волонтери на 409 вработени. Дознаваме дека во лабораторијата за ПАП тестови работи лаборантка која волонтира цели 12 години. Истата работи метода за која се обучени само 5-6 луѓе во државата, но никако да добие редовно вработување.
Во Синдикатот на клиниките очигледно не се заинтересирани за проблемот. Член на раководството изјави дека тие не се нивни членови, така што не му е познато колку волонтери има на клиниката каде што работи, а не пак да знае колку има вкупно во здравството. Здруженијата на медицински сестри никогаш не излегле јавно да зборуваат за проблемот. Обично, внатре во болниците се задушуваат ретките обиди на одредени групи волонтери кога сакаат проблемот да го пласираат во јавноста. Таков беше случајот на Клиниката за гинекологија кога пред неколку години беше задушен протестот на волонтерите и тоа најмногу поради немање подршка од вработените медицински сестри.
И додека директорите на болниците чекаат на нови вработувања кои им се неопходни од Министерството за здравство, зелено светло всушност треба да даде Министерството за финансии, откако ресорното министерство тоа ќе го побара од нив. Но, вработувањата одат тешко. Испразнетите работни места тешко се пополнуваат, ретко се одобруваат финансиски средства, а јавното здравство останува да се потпира на волонтерите.
Партиската книшка предност и за вработување и за волонтирање
Пред две години Владата на предлог на Министерството за здравство и со согласност на Министерството за финансии донесе одлука со која одобри вработувања на нови 800 лица во јавните здравствени установи и тоа со акцент на медицински сестри, лаборанти, медицински техничари и друг среден медицински персонал.
Министерот за здравство Никола Тодоров рече дека станува збор за кадар кој сериозно недостига во здравството и на прес конференција призна дека кадарот го обезбедуваат преку ангажирање лица по договор или волонтери.
„ Има волонтери кои повеќе од 10 години волонтираат во ЈЗУ. За мене позагрижувачко е тоа што во поголем број здравствени установи волонтерите се оние кои ја носат практично работата и овозможуваат нормално фукционирање на ЈЗУ. Во еден стабилен здравствен систем тоа не треба да биде случај и заради тоа Владата имајќи ги предвид сите овие факти и аргументи донесе една стратегиски важна одлука за развојот македонскиот здравствен систем“, изјави министерот Тодоров на прес конференција одржана на 27 декември 2012 година.
Тодоров тогаш најави дека 400 вработувања ќе бидат реализирани на почеток на 2013 година, а да почнат да работат во јули, а другите 400 луѓе да започнат со работа во октомври.
Министерот потенцира дека очекува оваа сериозна бројка на нови вработувања да го нормализира функционирањето на болниците и јавното здравство да престане да се базира на работата на волонтери и лица кои се ангажирани по договор.
Што се случи со новите вработувања, кој и како беше вработен останува непознато за јавноста. Фактите говорат дека ситуацијата остана непроменета, така што и понатаму столбот во јавното здравство се токму волонтерите и луѓето што работат со договор на дело.
Нашата соговорничка, медицинската сестра од болницата во Битола, објаснува дека на последниот конкурс лани во ноември биле примени осум медицински сестри, а само една од нив била од тие што волонтираат. Примената волонтерка e партиски обоена, вели нашата соговорничка. За апсурдот да биде поголем оваа медицинска сестра тврди дека таа и останатите волонтери ги обучуваат ново примените медицински сестри, кои се дојдени од надвор, по партиски клуч.
„Работиме во страв. Имаме голем притисок од надлежните. Постојано ни велат дека ако не ни се работи може слободно да си одиме, бидејќи имало други кои сакаат да работат, вели оваа медицинска сестра и потенцира дека сите нови вработувања се за партиски кадри.
Еминентен лекар од хируршките клиники, објаснува дека ако порано се примале вработени по роднинска врска, сега тоа се прави само со партиски кадри.
„Регуларното вработување замина во историјата, бидејќи се примаат само партиски кадри, а волонтерите го крепат здравството. Јас пред извесно време се обидов преку албанското лоби да ургирам за работа за една роднина во Гостивар, сите до еден ми рекоа дека нема шанси ако не дадат зелено светло од ВМРО ДПМНЕ.
На клиниката каде што работам има 6-7 медицински сестри и исто толку болничари, вели нашиот соговорник.
„Лично сум разговарал со нив, ги држат во неизвесност за да ги имаат како верни поданици на партијата за гласање. Се надеваат дека еден ден ќе бидат примени во редовен работен однос, изјави хирургот кој сакаше да остане анонимен за да нема реперкусии на работното место.
Но, не само париските вработувања, пречка да добијат на конкурсот за волонтерите е и тоа што младите штотуку завршени медицински сестри имаат просек на успех 5, додека порано тоа не било важно. Сега тие имаат долгогодишна пракса, но за да добијат на конкурс немаат доволно бодови во графата за успех. И тоа е една од околностите кои не им одат во прилог, така што остануваат да работат волонтерски до недоглед, без можност за редовно вработување.
Експерти: Вината е во Министерството за финансии кое не обезбедува средства за вработувања
Законот за волонтерство го дефинира волонтерството како доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини и или вршење на други активности во корист на други лица, органи, организации и други институции, без надоместок. Волонтерите во здравствените установи пристапуваат на доброволна основа
Но, со Законот за волонтерство, не се подразбира вршење на волонтерски стаж, согласно со Законот за работните односи каде волонтерскиот стаж се предвидува само доколку е услов за полагање на стручен испит или за самостојно вршење на дејност. Со овој Закон, точно се определени кои субјекти можат да организираат волонтерска работа, а тие се главно од непрофитен карактер и од јавна корист, додека за стопанските субјекти и јавните претпријатие тоа не е предвидено, објаснуваат експертите.
Законот е донесен во 2007-ма година, а во декември 2008-ма година има една измена со која се предвидува дека волонтерите имаат право на надомест за храна и превоз во висина до 15% од просечната плата во РМ за минатата година.
„Волонтерите немаат никакво првенство на вработување во однос на останатите конкуренти. Проблемот е што сите почнуваат да волонтираат, со цел да се стекнат со некоја вештина, но пред се да имаат првенство во вработување, но тука се лажат, изјави Трајче Арсов адвокат и добар познавач на оваа област.
Арсов објаснува дека никој нема обврска да им дава приоритет при вработување, додека пак на установата волонтерите и се добредојдени бидејќи немаат трошок за нивниот труд.
„Според Законот за волонтерство забрането е Организаторот на волонтерската работа да склучи договор за волонтерство со цел да се избегне склучување на договор за вработување и овде дури следат и глоби од 1500 до 2000 евра за одговорното лице. Сите волонтери имаат волонтерски договори и тоа е задолжително. Но, не смеат таквите договори да се злоупотребуваат на сметка на Договорите за вработување, вели Арсов.
Тој смета дека доколку навистина има слободни работни места, кои се предвидени како задолжителни со внатрешната систематизација, вината ја сноси Министерството за финансии кое не одобрува средства.
„Решението е едноставно. Треба да се обезбедат повеќе пари за нови работни места во здравството, а работните места не смеат да се бајпасираат со волонтери, вели Арсов.
Експертот за јавно здравство, Методија Трајаноски објаснува дека волонтерството секаде во светот се врши по сопствена воља и најчесто се однесува на кризни ситуации кога системот има потреба од луѓе да завршат работни задачи кои вработените не можат да ги завршат и тоа трае 2 ,3 најмногу до 4 месеци. Во нашиот здравствен систем има волонтери кои работат по 10, дури и по 15 години, објаснува Трајаноски, кој е доктор на науки по јавно здравство и социјална медицина.
„Точно е дека секаде во светот постои пробна работа, но за тој период се зема цела плата. Според ова, сметам дека нашето здравство е исправено пред две дилеми.
Првата е, дека здравствениот систем се наоѓа во долгогодишна криза каде што нон-стоп помагаат волонтери.
Втората е дека во здравствениот систем има континуиран недостаток од кадар од разни причини(преминување во приватни болници, ја напуштаат државата од егзистенцијални причини, се пензионираат и слично) и на овој начин со волонтерите ги покриваат дупките во системот. Трето нема “,вели Трајаноски.
Околу 2700 луѓе или 15 проценти од вкупно вработените во јавното здравство се волонтери. Станува збор за луѓе кои работат на исклучително одговорни работни места, како медицински сестри, болничари, лаборанти, таму каде што се спасуваат човечки животи. Некои од нив волонтираат по 10 до 15 години, за само 4500 денари во кои се предвидени трошоците за храна и превоз.
Според податоците од Фондот за здравствено осигурување во јавното здравство има вкупно 18 200 вработени, бројка која постојано варира бидејќи некои заминуваат, други одат во пензија. Испразнетите работни места во болниците тешко се пополнуваат бидејќи Министерството за финансии не одобрува средства, така што јавното здравство се потпира на волонтерите.
На овој начин македонското јавно здравство обезбедува луѓе кои го заменуваат кадарот. Армија луѓе кои веќе се докажале во својата професија бидејќи со години работат како медицински сестри, лаборанти, инструментарки во операциони сали, ренген техничари, болничари, работат за само 4500 денари месечен надомест со кои се покриваат само трошоците за храна и превоз. Како болничари тие транспортираат пациенти од внатрешноста до клиниките во Скопје, инструментарките се вклучени во комплицирани операции, медицински сестри даваат инфузии, лекови, инјекции, на пациентите им ставаат контрасни средства за време на снимање на апаратите за Комјутеризирана томографија и Магнетна резонанца.
Своето работење со волонтерски договор го започнале во надеж дека еден ден, кога ќе се докажат, ќе најдат редовно вработување но, очигледно волонтирањето во јавното здравство стана начин со кој постојано се има на располагање евтина работна сила. Законот за волонтерство пак, во член 23 предвидува глоба од 1500 од 2000 евра, доколку организаторот на волонтерската работа склучи договор со волонтерот со цел да избегне склучување на договор за вработување. Но, тоа очигледно не ги спречува болниците волонтерството да го пролонгираат и злоупотребуваат во недоглед.
Шокантни се податоците до кои дојдовме при ова истражување.
Во македонските болници има луѓе кои волонтираат по 10 или 15 години, а рекорд држи Клиничката болница во Битола каде медицински сестри волонтираат цели 23 години.
Во повеќето болници волонтерите работат самостојно, без надзор од вработена медицинска сестра. Во некои болници често се случува волонтерите да дежураат во ноќните смени наместо некои вработени, нешто што не смее да се практикува од безбедносни и етички причини. Законот и овој пат предвидува казни во член 19 став 1 со глоба од 500 до 1000 евра за одговорното лице доколку не води евиденција за волонтерската работа. Не е познато дека досега некоја здравствена установа е казнета од страна на Државниот инспекторат за труд поради овие работи.
Министерството за здравство пак, иако пред две години најави 800 нови вработувања и призна дека волонтерите се тие што се најзагрозени, досега не успеа да го реши проблемот.
Оваа појава, зема се поголем замав во последните години. Луѓето на доброволна основа се согласуваат да работат и за 4500 денари, во надеж дека еден ден ќе бидат примени преку конкурс на работа. Тие ги пополнуваат испразнетите работни места кои се неопходно потребни за нормално функционирање на здравствениот систем. Но, иако директорите им ветуваат дека ќе го земат во обзир нивното искуство и работа, тие остануваат така да работат со години.
Сознанијата до кои дојдовме говорат дека ниту еден јавен сектор во државата, не се потпира толку многу на волонтерите како што е случајот со јавното здравство. Она што е индикативно, е што никој во државата не води грижа за овој лош тренд во јавното здравство, ниту постојат официјални податоци колкав е вкупниот број на волонтери во државата.
Во Министерствата за здравство и финансии немаат податоци за вкупниот број на волонтери во овој сектор, а таков податок нема ниту во Државниот завод за статистика. За да дојдеме до приближна бројка во ова истражување, контактиравме директно со болниците во секој град посебно, односно таму каде што се поголемите болници кои прифаќаат пациенти и од помалите места, како што се Битола , Прилеп, Охрид , Струга, Тетово, Велес. Во некои од болниците во внатрешноста волонтерите пополнуваат дури третина од кадарот кој работи таму. Таков е случајот и со повеќето скопски клиники и болници.
Волонтерите се револтирани, но се плашат јавно да зборуваат за проблемот
Медицинска сестра која волонтира пет години во Клиничката болница во Битола,открива фрапантни податоци за тоа како се поставени работите со волонтерството таму. Таа раскажува дека волонтерите се оставаат сами да дежураат, без придружба на вработена медицинска сестра, иако тоа не е законски. Освен 4500 денари кои ги добиваат на трансакциска сметка регуларно, во оваа болница медицински сестри добиваат и надоместок за дежурство. Парите заработени од дежурство им се исплаќаат незаконски, на рака, откако претходно се префрлаат на сметка на некоја од вработените медицински сестри, која потоа им ја дава заработката, објасни оваа млада жена, која не сакаше да се спомне нејзиното име бидејќи како самохрана мајка, со тие пари издржува две малолетни деца.
„Многу би сакала да излезам јавно, но ми е страв да не ја изгубам работата. Во болницата има толку многу волонтери, што еден ден да не дојдеме на работа болницата нема да може да функционира. Јас работам сама во смена, правам пресметки, наплаќам и се потпишувам на пресметките, јас набавувам лекови. Нашите работни задачи се исти како и на вработените, работиме во операциони сали , дежураме, даваме лекови, инекции, инфузии, ставаме контрасни средства за време на снимањата, креираме „Мој термин. Но, ние немаме никакви права, само обврски, не припаѓаме дури ниту на синдикатот“, објаснува оваа медицинска сестра.
Таа тврди дека на одделението каде што работи има една вработена медицинска сестра и три кои волонтираат. Вели дека е слична ситуацијата и на другите одделенија во болницата, додека пак болничарите во најголем процент се волонтери. Токму во оваа болница пред една година болничар доби кривична пријава бидејќи на пациент наместо инфузија му приклучил средство за дезинфекција, по што болниот почина.
„Среќа во несреќа е што тој болничар е еден од ретките кој има решение за редовен работен однос. Против него е покрената кривична пријава. Што ќе беше доколку беше некој од волонтерите, каква ќе беше неговата одговорност”, прашува нашата соговорничка од битолската болница.
Овој и уште неколку други смртни случаи кои се случија за кратко време во болницата ја кренаа на нозе јавноста и предизвикаа страв и недоверба кај битолчани.
„Бевме уплашени бидејќи минатата година во болницата за кратко време се случија неколку мистериозни смртни случаи, вклучувајќи го и случајот со пациентот на кој наместо инфузија му беше дадено средството за дезинфекција. Битолчани се исплашија и почнаа да ја губат довербата во болницата, изјави граѓанин од Битола.
Неофицијално, Клиничката болница во Битола е на врвот на листата со најголем број на волонтери. Вака изгледа еден волонтерски договор врз основа на кој се одвива работата на волонтерите.
На една од скопските клиники, на неговото работно место затекнавме рентген техничар кој волонтира цели 11 години. Не сакаше да зборува јавно во страв да не ја изгуби работата, а издржува семејство,жена и две малолетни деца. Во операционите сали на Клиниката за абдоменална хирургија има 6 инструментарки со ваков статус, а на одделението има повеќе медицински сестри и болничари кои работат како волонтери, тврдат лекарски извори од клиниката. Слична е ситуацијата на речиси сите клиники, вклучувајќи ги и хируршките.
Пред неколку години Клиниката за гинекологија во Скопје ја напуштија десетици акушерки и медицински сестри бидејќи не можеа да издржат, со години да работат со нерешен статус за 4500 денари. Клиниката без проблем најде замена за нив. Оваа клиника е позната по тоа што се потпира на големиот број на волонтери. Но, кога се обидовме да дознаеме колкав е нивниот број, директорката прво се согласи, но подоцна откако побарала дозвола од Министерството за здравство, се предомисли и не сакаше да каже колкав е бројот на волонтери во моментот.
Болниците се потпираат на работата на волонтерите
Во Министерството за здравство нема податоци колкав е вкупниот број на волонтери низ цела држава. Ваков одговор добивме по еден месец чекање, а за да дојдеме до приближна бројка не советуваа да се јавуваме во секоја болница посебно. По ова, се обративме во Министерството за финансии, во надеж дека таму имаат некаква статистика. И таму по долго чекање и секојдневно јавување, добивме одговор дека такви податоци не постојат. Тогаш започнавме да се јавуваме кај менаџерите во болниците во поголемите градови во државата.
Така, дојдовме до податоци дека волонтерите во просек се застапени со околу 15 проценти од вкупниот број на луѓе кои го опслужуваат јавното здравство. Во некои болници волонтерите се застапени дури со 25 проценти, а во некои со 4 проценти. Во една од скопските клиники волонтерите се застапени со фрапантни 37 проценти. Но, бројот постојано варира бидејќи некои од нив си заминуваат, други доаѓаат.
Во недостиг на податоци од страна на надлежните институции во истражувањето се обидовме сами да дојдеме до бројот на волонтери во државата. Значи, откако беше пресметана средна вредност на просекот, на вкупниот број на вработени во јавното здравство кој изнесува 18 200, го додадовме просечниот број на волонтери(15 проценти ) и така стигнавме до бројот од над 2 700 волонтери. Бројка што треба да ги загрижи надлежните во државата. Иако меѓу нив има и лекари кои се застапени во мал процент, проблемот е концентриран кај средно медицинскиот и техничкиот кадар.
Во болницата во Охрид волонтерите се присутни со скоро 25 проценти, односно има 100 волонтери, а 411 вработени. Директорот Љубен Арнаудов тврди дека сите имаат волонтерски договор со болницата. Тој објасни дека медицинскиот и техничкиот персонал во болницата се намалил со одливот во приватните болници, со заминување во странство или со пензионирање, па затоа биле принудени да земат волонтери кои ќе работат на нивните места. Станува збор за болничари, хигиеничари, медицински сестри, вратари.
„На почетокот на летото баравме 20 нови вработувања од Министерството за здравство, но одговор се уште нема“, изјави директорот Арнаудов.
Во Клиничката болница во Битола околу 15 проценти се волонтери, односно 120 луѓе, а има 800 вработени. Директорот Васко Најдовски вели дека се прави годишен план за тоа каков кадар им треба, а во последните години имало и динамика на примање на нови вработени. На прашањето дали волонтерите имаат предност при вработување тој не беше прецизен во одговорот.
„Релативно е кој, каде има предност. Ние во Министерството доставуваме барање на секои три месеци и еве, пред три месеци доктори заминаа на едукација во странство, изјави Најдовски. Но, прашањето воопшто не се однесуваше на лекарите што ги праќа Министерството на едукација.
Неофицијално, од извори во болницата пак, дознаваме дека вкупниот број на волонтери е 150, а не 120 луѓе, што би претставувало 18,5 проценти од вкупниот број на вработени.
Директорот на болницата во Прилеп, Илија Богатиновски објасни дека обично лекарите волонтери работат во Брзата помош или на дијализа, а младите медицински сестри работат на компјутери и им помагаат на постарите кои не се вешти во тоа. Богатиновски рече дека имале 100-тина работни места кои ги покривале волонтерите, но околу 80 проценти од нив сами си заминале, така што во моментот имаат 30 волонтери, односно тие се застапени околу 12 проценти.
„Заради финансиската состојба не можевме да им плаќаме така што си заминаа самите. Јас можам по 3-4 месеци да им кажам благодарам за вашата работа и тоа е подобро од колку да ги лажеме. Некои од нив бараа потврди, како доказ за да можат да работат во странство, изјави Богатиновски.
Некои од менаџерите на болниците признаа дека волонтерите често се искористуваат и дека мора да се најде начин да бидат подобро платени. Други пак, велат дека тоа е најдобар начин како да се филтрира кадарот.
Во болницата во Струга во моментот 40 луѓе работат волонтерски, односно 15 проценти, а има 260 вработени. Само за храна и превоз, издржале да работат по 3-4 години.
„Бараме од Министерството за здравство согласност за вработување на болничари, лекари, шофери, медицински сестри. Чекаме да видиме каква ќе биде состојбата со новиот буџет за наредната година, за да знаеме што да планираме“ изјави директорот Ибраими Ментор.
И во болницата во Велес имаат потреба од нови 16 вработувања. Пратиле допис до Министерството за здравство но, се уште немаат никаков одговор, потврди директорот Атанас Василев. Во оваа болница има 360 вработени, а 12,2 проценти или 44 луѓе работат како хигиеничари, болничари, медицински сестри на волонтерска основа.
Во Клиничката болница во Тетово која е најголема во западниот дел на државата има 732 вработени и 30 волонтери, односно тие се застапени со 4 проценти.
„Минатата година кај нас се вработија медицински сестри, така што останаа уште 2-3 кои волонтираат. Средствата ги обезбедивме со испразнетите работни места по основ на пензионирање или заминување во приватни болници или странство, изјави директорот Фљорим Бесими.
Во моментот таму сега се потребни хигиеничари и болничари. Затоа во тек е конкурс за овој кадар, но велат дека се уште нема одговор од Министерството.
Катастрофална е состојбата и на скопските клиники. И покрај тоа што најголем дел се крепат од работата на волонтерите, се уште недостасуваат болничари, медицински сестри, хигиеничари. Неофицијално, најлошо е на Клиниката за гинекологија каде што дури 37 проценти се волонтери, или 150 волонтери на 409 вработени. Дознаваме дека во лабораторијата за ПАП тестови работи лаборантка која волонтира цели 12 години. Истата работи метода за која се обучени само 5-6 луѓе во државата, но никако да добие редовно вработување.
Во Синдикатот на клиниките очигледно не се заинтересирани за проблемот. Член на раководството изјави дека тие не се нивни членови, така што не му е познато колку волонтери има на клиниката каде што работи, а не пак да знае колку има вкупно во здравството. Здруженијата на медицински сестри никогаш не излегле јавно да зборуваат за проблемот. Обично, внатре во болниците се задушуваат ретките обиди на одредени групи волонтери кога сакаат проблемот да го пласираат во јавноста. Таков беше случајот на Клиниката за гинекологија кога пред неколку години беше задушен протестот на волонтерите и тоа најмногу поради немање подршка од вработените медицински сестри.
И додека директорите на болниците чекаат на нови вработувања кои им се неопходни од Министерството за здравство, зелено светло всушност треба да даде Министерството за финансии, откако ресорното министерство тоа ќе го побара од нив. Но, вработувањата одат тешко. Испразнетите работни места тешко се пополнуваат, ретко се одобруваат финансиски средства, а јавното здравство останува да се потпира на волонтерите.
Партиската книшка предност и за вработување и за волонтирање
Пред две години Владата на предлог на Министерството за здравство и со согласност на Министерството за финансии донесе одлука со која одобри вработувања на нови 800 лица во јавните здравствени установи и тоа со акцент на медицински сестри, лаборанти, медицински техничари и друг среден медицински персонал.
Министерот за здравство Никола Тодоров рече дека станува збор за кадар кој сериозно недостига во здравството и на прес конференција призна дека кадарот го обезбедуваат преку ангажирање лица по договор или волонтери.
„ Има волонтери кои повеќе од 10 години волонтираат во ЈЗУ. За мене позагрижувачко е тоа што во поголем број здравствени установи волонтерите се оние кои ја носат практично работата и овозможуваат нормално фукционирање на ЈЗУ. Во еден стабилен здравствен систем тоа не треба да биде случај и заради тоа Владата имајќи ги предвид сите овие факти и аргументи донесе една стратегиски важна одлука за развојот македонскиот здравствен систем“, изјави министерот Тодоров на прес конференција одржана на 27 декември 2012 година.
Тодоров тогаш најави дека 400 вработувања ќе бидат реализирани на почеток на 2013 година, а да почнат да работат во јули, а другите 400 луѓе да започнат со работа во октомври.
Министерот потенцира дека очекува оваа сериозна бројка на нови вработувања да го нормализира функционирањето на болниците и јавното здравство да престане да се базира на работата на волонтери и лица кои се ангажирани по договор.
Што се случи со новите вработувања, кој и како беше вработен останува непознато за јавноста. Фактите говорат дека ситуацијата остана непроменета, така што и понатаму столбот во јавното здравство се токму волонтерите и луѓето што работат со договор на дело.
Нашата соговорничка, медицинската сестра од болницата во Битола, објаснува дека на последниот конкурс лани во ноември биле примени осум медицински сестри, а само една од нив била од тие што волонтираат. Примената волонтерка e партиски обоена, вели нашата соговорничка. За апсурдот да биде поголем оваа медицинска сестра тврди дека таа и останатите волонтери ги обучуваат ново примените медицински сестри, кои се дојдени од надвор, по партиски клуч.
„Работиме во страв. Имаме голем притисок од надлежните. Постојано ни велат дека ако не ни се работи може слободно да си одиме, бидејќи имало други кои сакаат да работат, вели оваа медицинска сестра и потенцира дека сите нови вработувања се за партиски кадри.
Еминентен лекар од хируршките клиники, објаснува дека ако порано се примале вработени по роднинска врска, сега тоа се прави само со партиски кадри.
„Регуларното вработување замина во историјата, бидејќи се примаат само партиски кадри, а волонтерите го крепат здравството. Јас пред извесно време се обидов преку албанското лоби да ургирам за работа за една роднина во Гостивар, сите до еден ми рекоа дека нема шанси ако не дадат зелено светло од ВМРО ДПМНЕ.
На клиниката каде што работам има 6-7 медицински сестри и исто толку болничари, вели нашиот соговорник.
„Лично сум разговарал со нив, ги држат во неизвесност за да ги имаат како верни поданици на партијата за гласање. Се надеваат дека еден ден ќе бидат примени во редовен работен однос, изјави хирургот кој сакаше да остане анонимен за да нема реперкусии на работното место.
Но, не само париските вработувања, пречка да добијат на конкурсот за волонтерите е и тоа што младите штотуку завршени медицински сестри имаат просек на успех 5, додека порано тоа не било важно. Сега тие имаат долгогодишна пракса, но за да добијат на конкурс немаат доволно бодови во графата за успех. И тоа е една од околностите кои не им одат во прилог, така што остануваат да работат волонтерски до недоглед, без можност за редовно вработување.
Експерти: Вината е во Министерството за финансии кое не обезбедува средства за вработувања
Законот за волонтерство го дефинира волонтерството како доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини и или вршење на други активности во корист на други лица, органи, организации и други институции, без надоместок. Волонтерите во здравствените установи пристапуваат на доброволна основа
Но, со Законот за волонтерство, не се подразбира вршење на волонтерски стаж, согласно со Законот за работните односи каде волонтерскиот стаж се предвидува само доколку е услов за полагање на стручен испит или за самостојно вршење на дејност. Со овој Закон, точно се определени кои субјекти можат да организираат волонтерска работа, а тие се главно од непрофитен карактер и од јавна корист, додека за стопанските субјекти и јавните претпријатие тоа не е предвидено, објаснуваат експертите.
Законот е донесен во 2007-ма година, а во декември 2008-ма година има една измена со која се предвидува дека волонтерите имаат право на надомест за храна и превоз во висина до 15% од просечната плата во РМ за минатата година.
„Волонтерите немаат никакво првенство на вработување во однос на останатите конкуренти. Проблемот е што сите почнуваат да волонтираат, со цел да се стекнат со некоја вештина, но пред се да имаат првенство во вработување, но тука се лажат, изјави Трајче Арсов адвокат и добар познавач на оваа област.
Арсов објаснува дека никој нема обврска да им дава приоритет при вработување, додека пак на установата волонтерите и се добредојдени бидејќи немаат трошок за нивниот труд.
„Според Законот за волонтерство забрането е Организаторот на волонтерската работа да склучи договор за волонтерство со цел да се избегне склучување на договор за вработување и овде дури следат и глоби од 1500 до 2000 евра за одговорното лице. Сите волонтери имаат волонтерски договори и тоа е задолжително. Но, не смеат таквите договори да се злоупотребуваат на сметка на Договорите за вработување, вели Арсов.
Тој смета дека доколку навистина има слободни работни места, кои се предвидени како задолжителни со внатрешната систематизација, вината ја сноси Министерството за финансии кое не одобрува средства.
„Решението е едноставно. Треба да се обезбедат повеќе пари за нови работни места во здравството, а работните места не смеат да се бајпасираат со волонтери, вели Арсов.
Експертот за јавно здравство, Методија Трајаноски објаснува дека волонтерството секаде во светот се врши по сопствена воља и најчесто се однесува на кризни ситуации кога системот има потреба од луѓе да завршат работни задачи кои вработените не можат да ги завршат и тоа трае 2 ,3 најмногу до 4 месеци. Во нашиот здравствен систем има волонтери кои работат по 10, дури и по 15 години, објаснува Трајаноски, кој е доктор на науки по јавно здравство и социјална медицина.
„Точно е дека секаде во светот постои пробна работа, но за тој период се зема цела плата. Според ова, сметам дека нашето здравство е исправено пред две дилеми.
Првата е, дека здравствениот систем се наоѓа во долгогодишна криза каде што нон-стоп помагаат волонтери.
Втората е дека во здравствениот систем има континуиран недостаток од кадар од разни причини(преминување во приватни болници, ја напуштаат државата од егзистенцијални причини, се пензионираат и слично) и на овој начин со волонтерите ги покриваат дупките во системот. Трето нема “,вели Трајаноски.
Катастрофалната состојба со волонтерите е само дел од проблемите кои го обременуваат јавното здравство. Лошите услови за работа, ниските плати, нарушените меѓучовечки односи поради лошо поставените реформи, се само дел од причините што медицинскиот кадар масовно заминува на работа во странство. За само три години над 600 лекари ја напуштиле државата и своите работни места, а колкав е бројот на медицински сестри никој не знае да каже. Тие се најбараниот кадар за работа во болниците во арапските земји, но и во земјите од западна Европа.
За да ја ублажи состојбата Министерството распиша конкурс за прием на лекари од соседна Србија, што уште повеќе го зголеми револтот на вработените во јавното здравство. Очигледно, здравствениот систем кој веќе одамна е во колапс, вештачки се одржува со разни проекти кои само привидно делуваат позитивно. Таков е случајот со заминувањето на едукација на наши лекари во странски болници и тоа на недела-две, како и доаѓање на странски лекари на исто толку време во македонските болници.
Експертите велат дека македонскиот здравствен систем, треба добро да се прекрои, да се постави на здрави основи, но за тоа е потребна добра Национална здравствена стратегија, која ќе биде долгорочна и базирана на докази.
Со тоа, ќе имаме вистинска слика што се случува во здравствениот систем и какви потреби и корекции треба да се направат. Делот за волонтерство треба да биде само дел од оваа стратегија.
Автор:
Истражувачката приказна е напишана во рамките на проектот „Поддршка на независни медиуми во РМ: Застапување и обуки за промовирање и почитување на најдобрите меѓународни практики“, поддржан од ЕУ, преку ЕИДХР, а спроведуван од Транспаренси Интернешенл Македонија и Electoral Reform International Services (UK).
Единствена одговорност за содржината на сторијата ја сноси авторот и таа не може да се толкува како поглед на Европската Унија, ТИМ или на ЕРИС.