05.03.2015 Агенција Рејтинг, за потребите на организацијата Transparency International Macedonia, спроведе истражување на јавното мислење чија основна цел беше да се утврди ставовите на вработените граѓаните за неетичкото, неморалното и незаконско однесување во фирмите и институциите во Република Македонија. Истражувањето се спроведе преку методот телефонска анкета на репрезентативен примерок од 400 вработени граѓани од сите 10 општини во регионот на Скопје и по 2 најголеми општини во другите 7 региони во Република Македонија.
istrazhuvanje_wb_2015 254.02 Kb
“Транспаренси Интернешнл-Македонија го спроведува проектот “ Застапување и заштита на пријавувачите, вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество”, поддржан е од Амбасадата на Кралството Холандија. Истражувањето е подготвено во рамките на проектот”.