25.03.2015 Граѓанските организации членки на Платформата за борба против корупцијата ве покануваат да присуствувате на прес конференцијата што ќе се одржи на 25 март 2015 година (среда) во 12 часот во хотелот Холидеј ин во Скопје која ќе се однесува на прислушкуваните телефонските разговори кои повеќе од еден месец се објавуваат во јавноста.
Од прес конференцијата ќе биде упатен повик до надлежните институции да постапат по наводните злоупотреби, незаконито постапување, корупција и нарушување на човековите права кои се наведуваат во објавените телефонски разговори.
Повеќе информации кај Миша Поповиќ на тел. 071/221 439 или кај Гонце Јаковлеска на тел. 02/3088 970 и 070/252 081, како и на е-маил: gjk@mcms.mk