14.09.2015 Темата на на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М се т.н. "whistleblowers“ – луѓе кои решиле да проговорат за криминал, корупција или друго незаконско постапување во средината во која работат или живеат.
Гости во се Слаѓа Тасева од Транспаренси Интернешнл – Македонија, која раководи проект токму за "whistleblowers“ и Иџет Мемети, народен правобранител на РМ. Омбудсманот ќе го прашаме и за другите препораки од Европската комисија и за тоа до каде е неговата истрага за случајот со прислушувањето. Во емисијата ќе го слушнете српското искуство на оваа тема, преку омбудсманот на Србија, Саша Јанковиќ.
Темата станува актуелна по обелоденувањето на аферата со прислушувањето и особено по обвинението и судскиот процес за луѓето кои решија на виделина да изнесат сомневања за незаконско постапување на првенци од власта. Една од конкретните препораки од Европската комисија по извештајот на Рајнхард Прибе е Македонија да воспостави опсежен механизам за заштита на „whistleblowers“. Дилемата, меѓу другите, за кои вечерва ќе разговараме е – дали ако веќе постоеше таков механизам, како што постои во многу демократски земји, воопшто ќе постоеше судски случај „Пуч“ или, спротивно, тие луѓе ќе беа заштитени од државата како „whistleblowers“.