16.03.2016 На 16.03.2016 година (среда), со почеток во 11:00 часот Transparency International-Macedonia (ТИ-Македонија) и Центарот за Економски анализи (ЦЕА) ќе одржат заедничка прес-конференција.
На прес-конференцијата ќе бидат претставени досегашните резултати од проектот “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес” кој го спроведуваат Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) заедно со Центарот за економски анализи (ЦЕА).
Прес-конференцијата ќе се одржи во просториите на Транспаренси Интернешнл-Македонија на ул. Наум Наумовски Борче бр.58, 1000 Скопје.