13.04.2016 Здружението Транспаренси Интернешнел Македонија ги демантира наводите изнесени во веб порталот http://www.zhurnal.mk/, во статијата насловена „Скандал: Амбасадата на Кралството Холандија и Транспарентност Интернационал, ги дискриминира Албанците и албанските медиуми во Македонија? !” објавен на ден 12.04.2016 година (авторот на статијата не е потпишан).
Демантираме дека здружението Транспаренси Интернешнел Македонија прави било каква дискриминација во однос на обраќањето до Албанската заедница во Република Македонија. Сите проектни документи поврзани со наведениот проект “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес” ги има на Албански јазик и можат да се погледнат на следниот линк
https://transparency.mk/sq/index.php?option=com_content&task=blogcategory&id=25&Itemid=88
Веб портал на албански јазик на кој се промовираат проектните активности е http://portalb.mk/
Поради невистинитоста на наводите изнесени во оваа статија, ТИ-Македонија ќе поднесе Барање за јавно извинување и повлекување на објавената статија.