27.01.2017 Транспаренси Интернешнл, глобалната антикорупциска организација, на 25 јануари 2017 година го објави 22-от годишен Индекс за перцепција на корупцијата. Индексот рангираше 176 држави и територии според перцпецијата за нивото на корупцијата во јавниот сектор. Индексот за перцепција на корупцијата е водечки глобален индикатор за корупцијата во јавниот сектор, давајќи годишен преглед на релативниот степен на корупција преку рангирање на земјите ширум светот.
Република Македонија беше рангирана на 90-то место со резултат 37, упатувајќи на сериозен проблем со корупцијата во земјата.
Транспаренси Интернешнел и нејзиниот огранок во Република Македонија целосно ги поддржуваат наодите од Индексот за перцепција на корупцијата за 2016 година.
По повод информациите од Македонија кои прикажаа погрешна слика за методологијата на Индексот за перцепција на корупцијата, Транспаренси Интернешнл сака да разјасни како се формира резултатот за секоја земја поединечно.
Индексот за перцепција на корупцијата е збирен индекс, комбинација од различни меѓународни истражувања и оценувања за корупцијата, собрани од различни реномирани институции. Индексот влече податоци од тринаесет истражувања од различни независни институции специјализирани за анализа на владеење и бизнис клима и опфаќаат оценки и видувања на бизнисмени. Ниту едно од овие истражувања не е направено од Транспаренси Интернешнл.
Резултатот за Македонија беше формиран од седум извори, вклучувајќи ги Economist Intelligence Unit, the World Economic Forum, Freedom House and Global Insight Country Risk Rating.
Индексот е независен, неполитички и непартиски. Транспаренси Интернешнл Македонија нема влијание на податоците или пак на оценките, а влијание нема ниту кој било донатор кој ја подржува Транспаренси Интернешнл.
Транспаренси Интернешнл нагласи дека резултатите од Индексот на перцепција на корупција за 2016 година покажува дека има силни предупредувачки знаци во светот дека потезите за ограничување на слободата, вклучувајќи го и просторот за граѓанско општество, може да имаат негативни ефекти врз борбата против корупцијата.
„Само онаму каде што има слобода на изразување, транспарентност во сите политички процеси и силни демократски институции, граѓанското општество и медиумите можат да ги држат отчетни оние кои се на власт и борбата против корупцијата може да биде успешна,“ рече Хозе Угаз, Претседател на Транспаренси Интернешнл.
„Слабиот резултат на Македонија укажува на потреба од зајакнување и заштита на граѓанското општество, а не негово слабеење. Тоа е пораката на Индексот за перцепција на корупцијата,“ вели д-р Слаѓана Тасева, Претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија.
Забелешка за уредниците: За повеќе информации во врска со Индексот за перцепција на корупцијата и методологијата, посетете ја www.transparency.org/cpi
Транспаренси Интернешнл е глобално движење кое дели единствена визија: свет во кој владите, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето е ослободен од корупција. Преку повеќе од сто национални ограноци ширум светот и меѓународниот секретаријат во Берлин, работиме со партнери од властите, бизнисот и граѓанското општество со цел да воведеме ефикасни мерки за борба против корупцијата. Ние сме непартиска организација и придаваме голема важност на нашата независност.
Работата на Транспаренси Интернешнл е поддржана од различни влади, фондации, приватниот сектор и индивидуални донатори.
За повеќе информации за Транспаренси Интернешнл, посетете ја страницата
http://www.transparency.org/
За повеќе информации во врска со пресот, ве молиме контактирајте:
Натали Бахарав
T: +49 30 3438 20 666
E: press@transparency.org