17.12.2018 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификувани кандидати кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за следниве работни места:
1. Позиција: Координатор на проект
Кандидатот покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
– Универзитетско образование во општествени науки (завршени студии од втор циклус);
– Најмалку три години работно искуство во водењето проекти;
– Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
– Активно користење на MS Office;
– Способност за подготовка на извештаи, статистички прегледи, истражувања, анализи и документи за креирање на политики;
– Напредни организациски и комуникциски вештини;
– Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;
– Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим.
Како предност ќе се смета искуство во подготовката на апликациии за изработка предлог на проекти, искуство во областите владеење на правото и правосудство и завршени постдипломски студии.
2. Позиција: Правен советник
Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
– Релевантна диплома по правни науки (седми степен);
– Положен Правосуден испит
Дополнителни особини, искуства и вештини:
– Разбирање на културни разлики и тимска работа;
– Одлични комуникациски вештини,
– Искуство во донесување на одлуки – раководење и менаџирање;
– Искуство и вештина во комуникација со граѓани,
– Работа со претставки;
– Работа со компјутер и самостојно користење на софтвер за пишување, табеларни прегледи, електронска размена на информации и комуникација;
– Способност за подготовка на извештаи, статистички прегледи;
– Одлично познавање на англискиот јазик.
3. Позиција: Финансиски асистент
Опис на работната позиција, задачи и услови:
Финансискиот асистент ќе биде одговорен/а за водење на финансиските и административните аспекти на проектите. Тоа ќе вклучува водење на тековната финансиска состојба, подготовка на финансиски извештаи, подготовка на тендери за набавка на материјали и услуги, според воспоставените правила за финансиско и административно работење на проектите.
Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
– Диплома за завршено високо образование
– Најмалку 2 години искуство во финансиско и административно раководење на проекти
– Одлични познавања на македонски и англиски јазик
– Напредно користење на MS Office
– Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим.
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.
Кандидатите треба да поднесат доказ за сите компетенции наведени во огласот.
Најдоцна до 15 јануари 2019 година заинтересираните кандидати треба да достават:
• детална биографија
• писмо за мотивација
• потврда/препорака од претходен работодавач.
Кандидатите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Апликациите можете да ги доставите на следниов начин: По електронска пошта job@transparency.mk предмет на пораката (позиција за која аплицирате)
По пошта на адреса: Транспаренси Интернешнл –Македонија , ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270, со назнака (позиција за која аплицирате)