08.02.2019 Транспаренси Интернешнел Македонија му честита на Собранието на Република Македонија за ефикасното спроведување на постапката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Транспаренси Интернешнел Македонија и го честита изборот на претседателката на ДКСК г-ѓа Билјана Ивановска, како и на сите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и им посакува успешна работа во справувањето со корупцијата, како еден од најголемите проблеми кој го нагризува македонско општество.
„Ја добивте довербата во една транспарентна и отворена постапка, во која беше спроведен и делумен ветинг за проверка на вашиот интегритет. Сега ја имате нашата поддршка вашето знаење, искуство и интегритет да ги ставите во функција на справување со големиот проблем на корупцијата. Нашата поддршка и соработка секогаш ќе ја имате на располагање„ рече Претседателката на Транспаренси Интернешнел и прв претседател на државната комисија за спречување на корупцијата Д-р Слаѓана Тасева.
Транспарентна постапката за избор на членови на ДКСК, која обезбедува да се натпреваруваат личности кои навистина ги исполнуваат формалните услови, кои имаат компетенција и кои манифестирале личен интегритет, за првпат е утврдена со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси усвоен во јануари оваа година. Собранието на Република Македонија покажа подготвеност да го прифати предизвикот и да овозможи постапка за избор во која ќе учествиваат и претставници на институции и невладини организации, а во интервјуто да учествуваат и претставнуици од невладините организации и медиумите.
Ова е првпат ваков модел на избор да се применува било каде во светот и затоа очекуваме истиот да бите прифатен како позитивен пример и добра практика.