18.02.2019 Платформата на граѓански организации за борба против корупција го поздравува изборот на новите членови на Државната комисија за спречување на корупција и очекува од нив решителна, темелна и неселективна борба против корупцијата на сите нивоа на власт.
Имено, со донесувањето на новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси се воведе нов начин на избор на претседателот и членовите на ДКСК, со кој покрај Комисијата за избори и именувања при Собрание на РМ се формира, Комисија за селекција чија цел беше спроведување интервјуа со сите кандидати кои ги исполнуваат условите од огласот и врз основа на тоа бодување и рангирање на кандидати.
Процесот се одвиваше во помалку од две недели, од моментот на објавување на огласот до моментот на избор, што оневозможи да се спроведе процес на темелен ветинг кај кандидатите. Оттука, можноста за целосна проверка на кандидатите беше лимитирана.
Платформата на граѓански организации за борба против корупција го поздравува изборот на новите членови на Државната комисија за спречување на корупција и очекува од нив решителна, темелна и неселективна борба против корупцијата на сите нивоа на власт.
Имено, со донесувањето на новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси се воведе нов начин на избор на претседателот и членовите на ДКСК, со кој покрај Комисијата за избори и именувања при Собрание на РМ се формира, Комисија за селекција чија цел беше спроведување интервјуа со сите кандидати кои ги исполнуваат условите од огласот и врз основа на тоа бодување и рангирање на кандидати.
Процесот се одвиваше во помалку од две недели, од моментот на објавување на огласот до моментот на избор, што оневозможи да се спроведе процес на темелен ветинг кај кандидатите. Оттука, можноста за целосна проверка на кандидатите беше лимитирана.
Во целиот процес, граѓанските и медиумските здруженија беа целосно вклучени во интервјуата односно без исклучок на секој кандидат му беа поставувани прашања кои требаа да го покажат интегритетот на лицето за функцијата, знаењата и спремноста за истата.
И покрај вонредно кусите рокови кои беа наметнати, Платформата го поддржува изборот на кандидатите и верува во нивната идна професионалност и заложби за борба против корупцијата.
Комисијата за селекција беше транспарентна во целиот процес, a целиот процес беше потоа емитуван на Собранискиот ТВ канал што овозможи и јавноста да се запознае со сите кандидати и нивните настапи. Платформата смета дека моделот за избор на членови на ДКСК е добар, и применлив и за други слични тела. Особено е важно Собранието да преземе иницијативност и да се вклучи во активен и темелен пристап при избор на кандидати во различните тела врз кои врши надзор, со што ќе ја врати својата клучна улога во обезбедување на владеењето на право.
Платформата на граѓански организации за борба против корупција очекува од новиот состав на ДКСК да покаже спремност за борба против корупцијата како една од основните пречки за демократскиот и економски развој и спротивставена на благосостојбата на граѓаните. Работата на ДКСК ќе биде будно следена токму од нас, граѓанските организации, кои работат во полето на сузбивање на корупцијата.