23.11.2019 1.Назив и адреса на добавувачот
Добавувачот Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) со адреса на Наум Наумовски Борче бр. 58, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/3217-000, електонска адреса info@transparency.mk, контакт лице Марија Сунчевска.
2. Предмет на набавка
Предмет на договорот за доставување на понуди за спроведување на истражување во рамки на проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, клиентелизам и кронизам“. Детален опис на предметот на договорот е даден во технички карактеристики.
3. Рок на изведба и испорака
Носителот на набавката е должен предметот на набаваката да го испорача на барање на добавувачот согласно одредената динамика во временски период декември 2019 година – февруари 2020 година
Технички карактеристики на услугите
Носителот на набавката ќе биде обврзан за спроведување на:
– Да подготви прашалник и спроведе 200 интервјуа со лица од државни и јавни органи, јавни претпријатија, регулаторни тела, општини, приватни агенции за вработување и граѓани.
o Листа на институции, лица со кои би сакале да се спроведе интервјуто како и ориентациони прашања ќе биде доделена од страна на добавувачот
– Спроведување на 4 фокус групи во градот Скопје (во просек по 8 учесници на фокус група/ структурата за тоа кој ќе учествува во фокус групите дополнително ќе се утврди)
– Спроведување на 7 фокус групи (во просек по 8 учесници на фокус група) по една во секој од преостанатите 7 региони во РС Македонија
(Транскрипт од фокус групите и анализа од дискусијата на фокус групите)
– Подготовка на извештај и анализа од каде ќе бидат вклучени главните наоди од истражувањето
– Подготовка на презентација со главните наоди од истражувањето.
4.Потребна придружна документација
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
– Понудувачот треба да е регистриран како правно лице за вршење на дејност поврзано со предметот на договорот за јавната набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Носителот на набавката да достави придружна документација со која ќе го потврди досегашното искуства во спроведување на истражувања
– Листа на претходно спроведени истражувања на тема добро управување и корупција, со референци од истражувањата (податоци за клиент, тип на истражување, големина на примерок и година на истражување)
– Листа на претходно спроведени општествени анкетни истражување (податоци за клиент, тип на истражување, големина на примерок и година на истражување)
– Целокупно портфолио на истражувачката куќа
– Тековна состојба
– Доказ за членство во ESOMAR
– Изјава дека ги исполнувате условите за учество на повикот
Посочените документи треба да бидат потпишани од овластеното лице на добавувачот.
5.Финансиска понуда
Изразена во нето износ (без ДДВ) и бруто износ (со вклучен ДДВ) во МКД.
6.Критериум за доделување на договорот
Цена : 60%
Квалитет на понуда и претходно искуство : 40 %
7.Краен рок за поднесување на понудите
Краен рок за доставување на понудите е 10 декември 2019 година во 17 часот. Понудите доставени по утврдениот временски рок нема да се разгледуваат.
Понудите треба да бидат доставени до Транспаренси Интернешнл-Македонија на адреса: Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270, 1000 Скопје.
Понудите треба да бидат ставени во затворен плик, во горниот лев агол да пишува „Не отворај“.
* Ова истражување се спроведува во рамките на проектот „ Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам”, финансиски поддржан од грант на Амбасадата на Кралството Холандија.