Заедничко соопштение на Транспаренси Интернешнл ограноците од Европа и Централна Азија
17.08.2020 Транспаренси Интернешнл ограноците од Европа и Централна Азија се во солидарност со луѓето од Белорусија коишто бараат крај на авторитарната власт на државата по изборите коишто меѓународната заедница ги осуди како наместени.
Белорусија е често карактеризирана како последниот диктаторски режим во Европа. Автократите како претседателот Александар Лукашенко мислат дека можат да ја игнорираат волјата на луѓето и управуваат со моќта преку репресија и употребата на насилство. Моменталната политичка криза е кулминација на желбите на обичните луѓе коишто бараат промена и почит за нивните права.
Напредокот, вклучувајќи го и анти-корупцискиот напредок, е невозможен без основна почит за човековите права и демократските норми, вклучувајќи и несогласувања во мислењата. Неодамнешниот развој на граѓанското општество и растот на независните медиуми – коишто се таргетирани за време на овие протести – овозможуваат надеж дека Белорусија е во последните денови како последен диктаторски режим во Европа.
Моќниот и широко-распространетиот мирен отпор покажа дека луѓето од Белорусија нема да толерираат уште едни наместени избори и насилната репресија врз желбата на луѓето за промена. Ризикувајќи ги своите животи, илјадници останаа на улиците од недела. Многу работници отидоа во штрајк и бараа од владата да ги почитува нивните желби и да го промени резултатот од, според нив, наместените избори. Поранешните специјални сили ги отфрлија своите униформи, осудувајќи го насилството.
Поради злоупотребата на моќта, и насилството во изминатите денови животот го изгубија двајца луѓе, приближно илјадници беа затворени, а на уште многу други луѓе им беа ограничени правата и слободите, вклучувајќи ги и независните новинари.
Правото на граѓаните за слобода на изразување исто така беше ограничено поради тоа што веб-страните на независните медиуми беа блокирани и протекот на информации беше узурпиран за да ги спречи луѓето да ги координираат протестите и да се ограничат информациите коишто излегуваат од државата.
Покрај ЕУ и меѓународната заедница, националните влади мора да ја покажат својата поддршка и да ги употребат сите достапни дипломатски и политички средства да ги притиснат властите во Белорусија да го запрат насилството веднаш.
Одлуката на владата на Литванија да овозможи статус на бегалец на Свиатлана Циханоскаја поради наводните закани по нејзините деца, и предлозите да се зајакне поддршката на ЕУ за жртвите од насилство е одличен пример на солидарност.
Многу од нас биле сведоци на брутално насилство како одговор на мирни протести. Солзавец и гумени куршуми не можат да ја запрат моќта на луѓето засекогаш. Уверени сме дека луѓето на Белорусија наскоро ќе ја видат мирната промена што ја заслужуваат.
Потписници:
Транспаренси Интерненшл Антикорупциски Центар, Ерменија
Транспаренси Интернешнл Грузија
Транспаренси Интернешнл Азербејџан
Транспаренси Интернешнл Шпанија
Транспаренси Интернешнл Молдавија
Транспаренси Интернешнл Казахстан
Транспаренси Интернешнл Украина
Транспаренси Интернешнл Естонија
Транспаренси Интернешнл Чешка Република
Транспаренси Интернешнл Гренланд
Транспаренси Интернешнл Косово
Транспаренси Интернешнл Унгарија
Транспаренси Интернешнл Киргистан
Транспаренси Интернешнл Романија
Транспаренси Интернешнл Латвија
Транспаренси Интернешнл Литванија
Транспаренси Интернешнл Португалија
Транспаренси Интернешнл Србија
Транспаренси Интернешнл Македонија