07.10.2020 Транспаренси Интернешнл – Македонија во рамки на проектот: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата”, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество објавува:
КОНКУРС за изработка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото
Со овој конкурс ги покануваме граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи да изразат интерес за подготовка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото. Со овие стории се цели кон отворање на теми кои ќе водат кон поддршка во борбата против корупцијата и во подобрување на политиките за антикорупција преку анализи на состојбите и укажување на конкретните слабости.
1. ОБЛАСТИ
Предложени области:
– Работата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) и Државниот завод за ревизија ДЗР), нивните надлежности и меѓуинституцинална соработка;
– Соработката помеѓу ДКСК, АСЈО и ДЗР и невладиниот сектор;
– Имплементација на законите за спречување на корупција, а поврзани со работата на ДКСК, АСЈО и ДЗР.
Заинтересираните граѓански организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи треба да понудат конкретна предлог тема за подготовка на документ врз основа на предложените области. Доколку кандидатите имаат предлог, различен од предложените области треба да дадат конкретен наслов и образложение за издржаноста на темата. Истражувачката сторија може да опфаќа и една институција поеднично од горенаведените.
2. НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
Заинтересираните граѓански организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи треба да достават пријава, биографија и листа на објавени истражувачки стории.
Структурата на сторијата треба да е во следниот формат:
– наслов на текстот,
– разработена тема и
– методологија на подготовка на сторијата.
Сторијата може да е и во видео формат.
3. ПРАВО НА АПЛИЦИРАЊЕ
Право на аплицирање имаат граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи. При аплицирањето треба да се достави пријава, биографија и листа на истражувачки стории подготвени од страна на лицето кое аплицира.
4. СЕЛЕКЦИЈА
Селекцијата на темите ќе ја изврши комисијата составена од програмски персонал на Транспаренси Интернешнл-Македонија, а врз основа на актуелноста на темата, искуството и понудената методологија од страна на заинтересираните лица.
Во рамките на проектот е предвидено финансирање на вкупно 3 истражувачки стории.
Избраниoт поединeц ќе бидe известен најдоцна 3 (три) работни дена по завршувањето на конкурсот. Рок за испорака на истражувачките стории е 25 декември 2020 г.
5. ФОНД НА КОНКУРСОТ
Поединечните надоместоци изнесуваат 500 американски долари (бруто износ).
6. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето се врши со испраќање на пријава (Прилог 1), работна биографија и листа на истражувачки стории (Прилог 2) на апликантот.
Комплетните пријави треба да се достават до Марија Сунчевска, на msunchevska@transparency.mk најдоцна до 31 октомври 2020 г.
Во прилог ги доставуваме Пријавата (Прилог 1), Урнек на листа на истражувачки стории (Прилог 2).
Прашања за појаснување на конкурсот може да се постават најдоцна до 20 октомври 2020 г. на горенаведената адреса за е-пошта.