21.10.2020 Во прилог ја споделуваме со вас видео снимката од денешниот онлајн настан на тема „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“ каде што можете да ги слушнете обраќањата на панелистите д-р Слаѓана Тасева, г-динот Никола Димитров, Заменик-претседател на Владата за европски прашања, Амбасадорката на Германија во Р.С. Македонија Н.Е Анке Холштајн, и Амбасадорот на ЕУ Делегацијата во Р.С. Македонија Н.Е Давид Геер.
Агендата за настанот.
agenda_21102020 410.91 Kb

Проект: „ Промовирање на заеднички вредности низ Европа “
Имплементиран од: Транпаренси Интернешнл- Македонија, Транспаренси Интернешнл- Унгарија, Асоцијација Експертски Форум од Романија и Косовскиот Демократски Институт
Кратки информации за проектот
Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно-европски земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво.
* Овој настан се организира во рамките на проектот “Промовирање на заеднички вредности низ Европа“, поддржан од Европската Унија преку програмата ,,Европа за граѓаните“.