21.01.2021 Преку овој документ за јавни политики на авторите Наташа Димова и Јасмина Ристовска направен е обид да се утврди дали и до кој степен постоењето и соработката помеѓу ДКСК и другите институции/тела влијаат на корупцијата. Поспецифично, прикажана е природата на интеракција помеѓу институциите, дали и како соработуваат институциите, како оваа соработка влијае врз корупцијата и што може да се направи за да се подобри нивната соработка, а со тоа да се придонесе во успешна превенција и борба против корупцијата. Па така, направена е анализа на можните начини или модели на соработка, главните законски акти и стратегии со кои е предвидена меѓусебната соработка, оценките на Европската Комисија (ЕК) за воспоставената соработка и преглед на показателите за корупција, итн.
Овој документ е подготвен во рамките на проектот: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата“. Проектот е поддржан од УСАИД преку Проектот за граѓанско учество.