26.01.2021 Документот за јавна политика “Меѓуинституционална соработка на институциите задолжени за борба против корупција” е подготвен од авторите: Натали Петровска, Емилија Спасовска и Лепосава Огњаноска.
Иако нејзините разорувачки ефекти врз демократските институции, економскиот и социјалниот развој се веќе одамна очигледни, борбата против корупцијата дури неодамна стана актуелна тема во меѓународната политика, како и во нашата држава, каде се најде високо на агендата на домашните институции. Доказ дека борбата против корупцијата е повеќеслоен и тежок предизвик е и самата ситуација во нашата држава, каде согласно неодамнешниот извештај на Европската комисија беше потенцирано дека корупцијата сè уште преставува значаен предизвик во Република Северна Македонија, особено во контекст на евроинтегративниот процес.
Предмет на овој документ е проблематиката на меѓуинституционалната соработка и предизвиците и проблемите на кои наидува овој вид соработка во борбата против корупцијата, проследено со примери за успешни модели на соработка во земјите ширум светот, како и препораки и предлози за унапредување на меѓуинституционалната соработка во Република Северна Македонија.
Овој документ е подготвен во рамките на проектот: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата“. Проектот е поддржан од УСАИД преку Проектот за граѓанско учество.