Автор: Александар Н. Писарев
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што сугерира и нејзиниот назив, претставува специјализирано тело наменето за борба против корупцијата и коруптивните практики (или антикорупциско тело). Основана е во ноември 2002 година, со донесување на Закон за спречување на корупција како знак на политичка волја за борба против корупција, но и како резултат на меѓународните активности на државата во тој период.
Бројот на потпишани и ратификувани конвенции како и бројните законски измени сами по себе не претставуваат гаранција дека она што е предвидено во нив ќе биде имплементирано во целост.
Палета проблеми кои претставуваат кочница и ја оспоруваат работата на Државна комисија за борба против корупцијата (ДКСК) е доста голема. Меѓу најеклатантните се сè уште недоволна и неадекватна кадровска екипираност, недоволен и нефункционален простор за работа на ДКСК, софтверска неповрзаност со другите институции. Уште не се до крај утврдени критериуми за приоритети при покренување на постапката поради што голем број на пријави за корупција не можат да се процесираат. Не е донесена (усвоена) национална стратегија за борба против корупција.
Policy Brief-АНАЛИЗА НА ИНСТИТУЦИОНАЛНИ СЛАБОСТИ
Овој документ е подготвен во рамките на проектот: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата“. Проектот е поддржан од УСАИД USAID North Macedonia преку Проектот за граѓанско учество Civic Engagement Project-North Macedonia.