Транспаренси Интернешнл-Македонија и Државната комисија за спречување на корупција Ве покануваат да бидете дел од настанот на кој ќе биде презентиран Извештајот за мониторингот над препораките дадени во финалниот извештај од проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“. Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
Во периодот од октомври до декември 2020 година согласно методологијата, спроведен е мониторинг над спроведување на препораките. Целта на овој мониторинг е да се воспостави континуитет во следење на спроведување на препораките, да се согледа на кој начин надлежните институции ги прифатија наодите во Извештајот и кои мерки и активности се преземаат од институциите.
Натанот ќе го отвори г-ѓа Билјана Ивановска, Претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, а презентацијата на Извештајот за мониторингот над спроведување на препораките ќе ја води г-ѓа Слаѓана Тасева, Претседателка на Транспаренси Интернешнл-Македонија. Свое обраќање на настанот ќе имаат и г-дин Љупчо Николовски, Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси и г-дин Јетон Шаќири, Министер за информатичко општество и администрација.
Настанот ќе се одржи онлајн со почеток во 13 часот. Линк до настанот:
https://zoom.us/j/91392783802?pwd=TlFZY2JFcU1ENDFoSzVQK1ZDYzZyZz09
Агенда за настанот: преземи агенда во .pdf
* Овој настан се одржува во рамките на проектот „ Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам”, финансиски поддржан од грант на Амбасадата на Кралството Холандија.