11.02.2021 Објавувањето на резултатите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година на крајот од јануари 2021 предизвика реакции како никогаш претходно. Индексот ја потенцираше итноста за борбата против корупцијата што се надеваме ќе придонесе кон вистинска политичка волја и промена. Во исто време реакциите поврзани со Индексот уште еднаш ги открија многубројните пречки во медиумскиот простор, судството и граѓанскиот сектор коишто го спречуваат напредокот.
Северна Македонија постигна 35 поени во Индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година што ја рангираше државата на 111-то место од 180 држави. Во 2014 година бевме рангирани на 64-то место. Овој пад на Индексот допринесе до широко медиумско внимание и реакции во рамки на политичкиот спектрум.
Можеби и очекувано беше главната политичка опозициска партија да ги искористи резултатите да ја нападне владата и обвинувајќи ја за резултатите од Индексот. Од друга страна, Заменикот на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски изјави дека владата работи напорно да ја искорени корупцијата и нерегуларностите од претходните 11 години кога на власт беше претходната влада.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска беше повеќе јасна во однос на нејзината оценка. Таа изјави дека корупцијата стана начин на живот во државата и дека влијае на политиката и бизнисот.
Дури и Претседателот на Републиката се произнесе во однос на резултатите изјавувајќи дека не е изненаден поради тоа што навистина нема напредок. Претседателот ја поттикна владата да обезбеди повеќе поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата и изјави дека институциите, полицијата и обвинителството треба да покажат повеќе одговорност и отчетност.
Но, доколку ги видевте насловните страници на поголемите печатени медиуми ден откако Индексот беше објавен, ќе видевте поинаква приказна – вести дека анонимна оф-шор компанија на Бахамите успеала во својата тужба за клевета против мене лично.
Два факти се истакнуваат. Медиумската агенција МИА која е во сопственост на државата ја објави информацијата за судската пресуда пред да биде јавно објавена на веб-страната на судот. Насловните страници на медиумските објави ниту споменаа дека се работи за првостепена пресуда, ниту го цитираа изворот на нивните информации.
Како што истакнав во мојата одбрана, и ќе истакнам во мојата жалба во врска со пресудата, тужбата за клевета нелогично ме категоризира како физичко лице отколку како лице коешто зборува во име на ТИ-Македонија – за забелешки коишто биле изнесени на прес-конференција на организацијата на којашто јас сум претседателка. Изгледа дека компанијата сметала дека е повеќе соодветно да тужи физичко лице отколку претседател на анти-корупциска граѓанска организација. Загрижувачки е тоа што судовите го дозволија ова.
И покрај обидот да се дискредитираат резултатите на граѓанското општество во врска со ситуацијата со корупцијата во Северна Македонија, јавноста го задржа вниманието на проблем којшто е значаен. Медиумското внимание во врска со Индексот за 2020 година беше како ниту едно претходно.
Откако ги дискутирав резултатите од Индексот со Билјана Ивановска на телевизиска дебатна програма (Топ Тема 01.02.2021 – telma.com.mk), Заменикот на Претседателот нѐ повика на состанок.
Како што објаснив, владата треба да покаже јасна заложба и политичка волја за ефективно да ги реши проблемите со политизација и корупција во процедурите на јавното вработување. Судските реформи треба да се зајакнат, како и напорите да се обезбедат еднакви можности во бизнисот. Поблиска соработка со граѓанското општество и Државната комисија за спречување на корупцијата ќе помогне на владата да ги идентификува приоритетните области и моделите на најдобри практики во развојот на интегритетот и отчетноста.
Иако е многу позитивен чекорот на владата да соработува со Транспаренси Интернешнл, ние се надеваме на поголем фокус од владата кон корупциските предизвици за Северна Македонија. Појавата на нетранспарентните информации споделени помеѓу судството, медиумите и владата да го одвлекува вниманието од нашите наоди не го истакнува вистинскиот тон на влада којашто водеше кампања за борба против корупцијата.
Како што претседателката на Транспаренси Интернешнл, Делија Фереира Рубио изјави во однос на поддршката на нашите заложби:
„Обидот да се одвлече вниманието од резултатите од ИПК нема да ја промени реалноста за корупција во Северна Македонија. Тоа ќе се постигне само со сериозно сфаќање на резултатите од ИПК и воспоставување силна политичка волја за промена на ставовите и коруптивното однесување, што создава несигурност за бизнисот, го загрозува владеењето на правото и ја ослабува заштитата на човековите права. Ја охрабруваме Владата на Република Северна Македонија да ја искористи целосната поддршка од Транспаренси Интернешнл којашто може да ја обезбеди со цел да се воспостават ефикасни политики за промена на ситуацијата со корупцијата.
„Во име на Транспаренси Интернешнл, ја изразувам својата силна поддршка на нашиот акредитиран национален огранок во Северна Македонија и нивната постојана заложба за добро владеење, интегритет и владеење на правото како постулати на демократијата, развојот и иднината на државата како кандидатка за интеграција во ЕУ.“
Линк од блогот на веб страна на Транспаренси Интернешнл можете да го погледнете на https://www.transparency.org/en/blog/in-north-macedonia-public-pressure-opens-a-door-to-combat-entrenched-corruption