700 потписници од 120 држави бараат од Генералното Собрание на ОН 2021 да постави нов глобален стандард за транспарентност на бенефицирана сопственост
24.02.2021 Транспаренси Интернешнл денес поднесе жалба до Генералното Собрание на Обединетите Нации во име на повеќе од 700 потписници коишто бараат нов глобален стандард за транспарентност за сопственоста на компаниите. Жалбата претходи на сесијата на Специјалната група на Генералното Собрание на Обединетите Нации 2021 којашто треба да се одржи во јуни. Барањето се однесува за сите држави да воведат национални јавни регистри на компаниите откривајќи ги нивните вистински сопственици или оние кои имаат некаков бенефит од нив.
Потписниците вклучуваат реномирани академици и истражувачки центри, компании, бизнисмени, и граѓански организации и активисти како и неколку владини агенции и јавни службеници.
Целосен текст и листа на потписниците https://bit.ly/3dBoOMi
“Сите делови од нашите општества прозбореа. Од Авганистан до Зимбабве, од домородните народи до застапниците за даночна правда, од истакнати дипломати до мултинационални компании, сите сме согласни: анонимните компании се двигатели на корупција и други нелегални активности кои се опасни за јавното добро. Ние бараме од државните претставници коишто се подготвуваат за Специјалната група на Генералното Собрание на Обединетите Нации 2021 да го слушнат овој повик за итна акција,“ – изјави Џилијан Дел –раководителка во сектор за конвенции во Транспаренси Интернешнл.
Бројни истражувачки извештаи и скандали покажаа дека анонимните компании ја овозможуваат корупцијата и другите финансиски криминали. Скорешните Open Lux истраги ја открија моќта на јавните регистри за бенефицирана сопственост и за откривање на перење пари, корупција, затајување данок и други криминални активности.
Маира Мартини, експерт за истражување и политики во Транспаренси Интернешнл изјави: “Во последните години, многу држави направија напредок во справувањето со злоупотребата на анонимните компании – најскоро САД. Криминалците и корумпираните не смеат да имаат каде да го сокријат тоа што го стекнале. Ова значи универзално донесување на регистри на бенефицирана сопственост базирани на дефиниција за бенефицирана сопственост поткрепени со силен процес на верификација.”
Прегледи: 329