Анти-корупциските групи ги повикуваат парламентите да ги заштитат укажувачите:
„Луѓето ја имаат најголемата моќ да ги обелоденат еколошките криминални дела“
Берлин / Вашингтон, ДЦ – Националните парламенти низ Европа треба да ги зајакнат и заштитат укажувачите коишто откриваат злосторства коишто се закана за климата, изјави коалицијата на анти-корупциските групи.
Групите ги повикаа надлежните да ги вклучат злосторствата поврзани со климата во новите закони за заштита на укажувачи коишто треба да бидат донесени според новиот стандард на Европската Унија. Директивата од 2019 година предвидува сите 27 земји на ЕУ да им обезбедат на граѓаните доверливи канали за пријавување на повреди, законска заштита од одмазда, надомест на штета доколку се жртви и заложба дека пријавите ќе бидат испитани и преземени одредени активности.
„Климатските промени се нашиот најсериозен проблем, а граѓаните се наши ефикасни решавачи на проблемот,“ кажа Марк Ворт, директор на Европскиот центар за права на укажувачи и Меѓународно укажување во Берлин. „Доколку луѓето кои имаат информации за климатските закани и не можат да ги откријат, ние ќе ја изгубиме шансата да ја спасиме планетата од понатамошни повреди.“
Легализирањето на укажувањето за климата ќе им овозможи на компаниите за фосилни горива, енергија, транспорт, производство и други компании да откријат докази за измама, нелегално прикривање на ризици од загадување, и фалисификувани финансиски извештаи доставени до регулаторите. Без правна заштита, вработените коишто имаат информации за злоупотреби веројатно е дека ќе молчат – поради страв од отпуштање, физички закани и друго.
„Луѓето ја имаат најголемата моќ за да ги откријат еколошките злосторства,“ кажа Стефан Кон, директор на Националниот центар за укажувачи во Вашингтон, ДЦ. „Но, потребно им е уверување дека можат да пријават прекршоци без да останат без работа и кариера. Укажувачите коишто откриваат климатски злосторства се оние кои заслужуваат најголема заштита.“
Придружени од Kohn, Kohn & Colapinto, LLP, меѓународна правна фирма за права на укажувачи со седиште во Вашингтон, четирите групи денес испратија писма до избрани службеници и законодавачи во сите 27 држави од Европската Унија и побараа да биде „земена во предвид сериозната закана предизвикана од климатските промени, за која европските укажувачи играат важна улога во нејзиното спречување.“
Откако Директивата за укажувачи на ЕУ беше усвоена во октомври 2019 година, четирите групи им помагаа на законодавачите и јавните службеници во развивањето и донесувањето на закони што им овозможуваат на луѓето сигурни канали за пријавување, заштита од одмазда, и стимулации за пријавување.