Во периодот од јануари до март 2021 година спроведен е втор квартален мониторинг над спроведување на препораките од извештајот за проценка од ранливост на корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор. И покрај тоа, што во препораките е предложен подолг период за целосно спроведување на препораките, кај повеќето тоа е период од една година, сепак ние во овој период од шест месеци (три месеци на мониторинг од првиот квартал и три месеци од мониторинг на вториот квартал) извршивме следење на дел од активностите кои надлежните институции ги преземаа, а кои се однесуваат или може да влијаат на спроведувањето на препораките.
Целта на овој мониторинг е да се воспостави континуитет во следење на спроведување на препораките, да се согледа на кој начин надлежните институции ги прифатија наодите во Извештајот и кои мерки и активности се преземаат од институциите.
Извештајот е достапен на следниот линк: Извештај за мониторинг на имплементација на препораките од извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор