Во рамките на проектот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“ поддржан од Европската Унија преку програмата „Европа за граѓаните“, Транспаренси Интернешнл- Македонија, објави конкурс за најдобра фотографија.
Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите, еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно – европски земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво.
Во рамките на конкурсот добиени се 10 фотографии, од кои се одбрани 3 фотографии. Наградени се следните фотографии:
Прво место (Парична награда во бруто износ од 500 евра): Ивана Батев
„Фотографијата што ја испраќам ја опишува важноста на слободата на говор и изразување, како и одговорноста на медиумите да ја пренесат вистината во едно здраво општество за тоа да расте, учи и се развива. Фотографирана е на 12 јуни 2020 пред Кабинетот на Претседателот, г-дин Стево Пендаровски“.
Второ место (Парична награда во бруто износ од 300 евра): Кристијан Коцев
„Се рефлектираме на скромните почетоци и мостот кон денешниот просперитет со проширени можности за помодерен, поквалитетен живот“.
Трето место (Парична награда во бруто износ од 200 евра): Дамјан Козаров
„Промовирање на заеднички вредоности низ Европа” – На сликата е прикажан манастирот Св.Ѓорѓи во с.Магарево-Битолско. Изграден во 1871 година, овој манастир е остаток од некогашниот магаревски манастир т.е женскиот манастир кој постоел на тоа место. Нашата држава е позната по големиот број на цркви и манастири кои датираат уште од крајот на 14 век и едни од најстарите цркви на Балканот. Со текот на времето тие градби се уништувале сѐ повеќе и повеќе, а нивната вредност опаѓала. Со одобрувањето на ЕУ фондовите и нивното искористување, би можело да се направи реконструкција на старите и уништени верски објекти со цел развивање на туризмот во државата, но и враќање на старите градби во „живот“.
* Овој конкурс се организира во рамките на проектот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“, поддржан од Европската Унија преку програмата „Европа за граѓаните“.