Проектот има намера да го зајакне владеењето на правото и транспарентноста преку соработка помеѓу институциите, да обезбеди техничка помош и зајакнување на капацитетите и соработката помеѓу Државната комисија за спречување на корупција и Државниот завод за ревизија како надзорни тела и Академијата за судии и јавни обвинители која ги обучува идните судии и јавни обвинители, како институции одговорни за спроведување на истраги и процесирање на предмети.
Целта на конференцијата е да се истакне важноста за заеднички акции и соработка и да се вклучи и меѓународното искуство кон ова. Учеството на г-дин Драго Кос како главен предавач придонесе за значењето на меѓународната соработка во ова поле.
Говорници на на конференцијата:
Г-ѓа Слаѓана Тасева, Претседателка на Транспаренси Интернешнл-Македонија
Г-дин Љупчо Николовски, Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси
Г-дин Горан Лазаревски, Директор на Проектот на УСАИД за граѓанско учество
Драго Кос, Претседател на работната група за поткуп на OECD (Chair of OECD Working Group on Bribery)
Г-дин Владо Георгиев, Член на Државната комисија за спречување на корупција
Проф. Д-р. Наташа Габер Дамјановска, Директорка на Академија за судии и јавни обвинители
Линк до целиот настан: https://www.youtube.com/watch?v=2oZcanuwBTY
* Овој настан се спроведува од Транспаренси Интернешнл- Македонија во рамки на Проектот за граѓанско учество во поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).