Автор: Миомир Серафиновиќ
Двоглава фонтана на среде Дебар им пружа можност и шанса на граѓаните да се напијат иако доцната пролет донесе променливо време. На двете места избиваа млазови вода како и на секоја фонтана без престан. Но, бидејќи е за пиење потоа оваа вода се слева во канализација и не се користи повеќе како техничка за наводнување или за комунално чистење. Иако Дебар буквално лежи на езеро, вештачката акумулација, концесионерот на Дебарското езеро ни објасни дека водата за пиење доаѓа од блиските планини. Од реката Росок.
-Водата за пиење во водоводот се црпе од реката Росок. Навистина е добра и квалитетна, ни изјави Дритан Боцку од риболовно друштво Трофта, кое е концесионер на Дебарското езеро.
Целата видео сторија можете да ја погледнете тука: https://www.youtube.com/watch?v=1MxL7afIQ04
Ова видео е подготвено со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во ова видео припаѓаат на Транспаренси Интернешнл-Македонија и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.