Проект: Промоција на заеднички вредности низ Европа
Имплементиран од: Транпаренси Интернешнл- Македонија, Транспаренси Интернешнл- Унгарија, Асоцијација Експертски Форум од Романија и Косовскиот Демократски Институт
Кратки информации за проектот
Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно-европски земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво.
Во рамките на проектот, Транспаренси Интернешнл- Македонија организира:
Настан за промовирање на добри практики при користење на ЕУ фондовите, 30 јули 2021 со почеток во 11 часот.
Овој настан има за цел цел да ги запознае учесниците со можностите кои ги нудат европските програми и фондови.
Во прилог е дадена агендата за настанот:
Дата: 30 јули 2021, 11 часот
11:00 – 11:15
Цели и резултати на проектот
Марија Сунчевска, Проектен координатор, Транспаренси Интернешнл- Македонија
11:15 – 11:30
Добри практики при спроведување на европските програми во областите на образованието, обуките, младите и спортот
Мартин Атанасов – Национална агенција за европски програми и мобилност
11:30- 11:45
Дискусија
Регистрација за настанот: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZMkdOipqDMvEtZEFoYwXZg9wAjJe64MpDuk
* Овој настан се организира во рамките на проектот “Промовирање на заеднички вредности низ Европа“, поддржан од Европската Унија преку програмата ,,Европа за граѓаните“.