Транспаренси Интернешнл-Македонија во рамките на проектот „Проценка на ранливост од корупција во државните институции и власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво“, финансиски поддржан од УСАИД во рамките на Проектот за граѓанско учество организира настан за презентација на наодите од спроведените истражувања како дел од овој проект.
Целта на овој проект е да се утврдат ранливостите во инстиуциите и процедурите кои доведуваат до зголемена корупција во делот на просторното планирање, урбанизмот и градежништвото. Во текот на проектот беше извршена анализа на правните прописи од овие области, беа спроведени интервјуа со претставници на општини и приватни компании и беа организирани фокус групи кои имаа за цел да соберат податоци како би се направила анaлиза на ризиците од корупција во овие области. Врз основа на прибраните податоци и спроведената анализа, се подготвија и препораки како да се надминат ризиците од корупција.
Целта на овој настан е да се презентира анализата спроведена во рамките на проектот и подготвените препораки и да се развие дискусија за преземање на следни чекори за спречување на корупција во овие области.
Настанот ќе се организира онлајн на платформата ZOOM и кон истиот може да пристапите на следниот линк:
https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZYkdOGupz0tHNy9iDu0YtkM9p3geveM1mPs
Агендата за настанот е достапна тука: Агенда