На годишниот состанок на членството на Транспаренси Интернешнл одржан онлајн на 6-7 ноември, се донесоа две резолуции и одбрани нови членови на одборот
Транспаренси Интернешнл на годишниот состанок на членството за 2021 година ја изрази загриженоста поради демократското уназадување во светот и ја нагласи својата заложба за владеење на правото посебно во контекст на COVID-19 пандемијата. „Демократијата е една од жртвите на пандемијата“, гласеше резолуцијата донесена од страна на движењето. Претставниците на Транспаренси Интернешнл забележаа дека владите во светот продолжуваат да ја злоупотребуваат извршната моќ и граѓанските слободи позади маската за здравствената криза.
Во тој поглед, втората резолуција на членството ги повикува владите да ги почитуваат и промовираат фундаменталните права и слободи во нивните напори за борба против корупцијата.Членовите изјавија дека злоупотребата на човековите права ја поткопува одржливоста на анти-корупциските реформи и дека борбата против корупцијата не може да биде компатибилна со злоупотребата и занемарувањето на фундаменталните човекови права. Транспаренси Интернешнл исто така, ги повикува владите во борбата против корупцијата и истовремено во борбата против злоупотребата на човековите права.
Овие две резолуции доаѓаат во клучно време и еден месец пред самитот за демократија – организиран од владата на САД – каде учество ќе земат лидери од повеќе од стотина земји.
Обраќајки се кон членството, Претседателката на Транспаренси Интернешнл Делиа Фереира Рубио изјави:
„Стратегијата на Транспаренси Интернешнл Holding Power to Account, ја содржи нашата заложба за борба против корупцијата во наредните години до 2030 година, приспособувајќи се на различните политички и социо-економски контексти. Двe итни прашања се значајни во оваа агенда: одбраната на граѓанскиот простор и зајакнување на владеењето на правото. Автократските режими и дури и демократските земји ја искористија пандемијата како изговор да го поткопаат владеењето на правото, да ги ограничат слободите и информациите на начини како никогаш порано. Транспаренси Интернешнл нема да ја избегне одговорноста да се спротивстави на овие злоупотреби и ќе работи да ги смени овие трендови.“
Годишниот состанок на членството за 2021 година исто така го потврди назначувањето на првиот независен член на одборот Гео-Сунг Ким (Јужна Кореја). По изборите, пополнети се и три слободни места во рамки на Одборот на директорите.
Ново-избраните членови на Одборот на директорите на Транспаренси Интернешнл се:
- Дион Абдул. Дион претседава со Тринидад и Институтот Тобаго Транспаренси, допринесувајќи на центарот за правни совети како и за интегритет во бизнисот и програмите за интегритет на млади. Како адвокат со повеќе од 25 години искуство во корпоративниот сектор, експертизата на Дион варира од трговско право до владеење и јавни набавки. Покрај другите достигнувања, исто така има работено на развој на системите за електронски набавки, платформи за онлајн укажување и различни упатства за владеење.
- Ека Гигаури. Ека повторно се придружува на Одборот на директорите, откако претходно служеше едно-годишен мандат како член во 2019-2020. Таа е извршна директорка на Транспаренси Интернешнл Грузија од 2011 година. Ека била инструментална во градењето на граѓански коалиции за застапување за владеење на правото и реформи за добро владеење во Грузија. Како вокален активист, Ека честопати била таргетирана со кампањи на дезинформации. Во нејзините претходни улоги во агенцијата за гранична полиција на Грузија, Ека ги надгледувала долготрајните антикорупциски реформи во спроведувањето на законот.
- Алберто Прехт. Алберто е извршен директор на Транспарентност Чиле од 2014 година и после неговото повторно избирање на годишниот состанок на членството во 2021 година, ќе служи во Одборот на директори на Транспаренси Интернешнл со втор мандат. Експертизата на Алберто опфаќа транспарентност, пристап до информации, отворена влада, и административно право. Претходно, тој претседавал со Комисијата за транспарентност во Генералниот секретаријат на Претседателството на Министерството на Чиле и раководел со медиумската мрежа Ми Воз.