Почитувани,
Ова известување е во врска со информацијата за одржување на настанот за презентација на наодите од спроведените истражувања како дел од овој проект од страна на Транспаренси Интернешнл-Македонија во рамките на проектот „Проценка на ранливост од корупција во државните институции и власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво“, финансиски поддржан од УСАИД во рамките на Проектот за граѓанско учество.
Овој настан беше планиран на 11ти номеври, но заради оправдани причини истиот ќе биде одложен. Информација за датумот на одржување ќе биде дополнително објавена во наредниот период.
Се извинуваме заради настанатите околности.